Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOF 1250 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 166

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GOF 1250 CE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2018-003.book Page 166 Tuesday, January 21, 2014 1:55 PM
166 | Македонски
Растојанието помеѓу степените може да се промени со
вртење на шрафовите за подесување 10.
По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче 24
можете да ја подесите длабочината на глодање точно на
саканите димензии; свртете во правец на стрелките на
часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а
за намалување на длабочината на глодање свртете во
правец спротивен на стрелките од часовникот. Скалата 23
служи за ориентација. Едно вртење одговара на должина
на подесување од 2,0 мм, една од цртичките на долниот
раб на скалата 23 одговара на промена на должината на
подесувањето од 0,1 мм. Максималната должина на
подесување изнесува ± 8 мм.
Пример: Потребната длабочина на глодање треба да
изнесува 10,0 мм, а при пробното глодање сте измериле
длабочина од 9,6 мм.
– Свртете ја скалата 23 на „0".
– Свртете го вртливото копче 24 за 0,4 мм/4 цртички
(разлика од зададената и реалната вредност) во правец
на стрелките на часовникот.
– Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште
едно пробно глодање.
GOF 1250 CE: По поставувањето на длабочината на
глодање, не ја менувајте повеќе позицијата на лизгачот 26
на граничникот за длабочина 14, за да може во секое
време да ја прочитате моменталната длабочина на скалата
25.
GOF 1250 LCE: Ќе се прикаже моменталната длабочина
на глодање на екранот 20.
Совети при работењето
 Заштитете ги алатите за глодање од удари.
Правец и процес на глодање (види слика F)
 Процесот на глодање секогаш мора да се извршува
спроти правецот на ротација на глодалката 5
(спротивен тек). При глодање во правец на ротација
(ист тек) електричниот апарат може да ви избега од
раката.
– Подесете ја саканата длабочина на глодање,
погледнете во делот „Подесување на длабочината на
глодање".
– Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете
го на делот што се обработува и вклучете го.
– Притиснете го лостот за деблокирање 22 наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу,
додека не се постигне подесената длабочина на
глодање. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 22 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
– По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
површинската глодалка во најгорна позиција.
– Исклучете го електричниот апарат.
Глодалки со помошен граничник (види слика G)
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за
жлебови, како помошен граничник на делот што се
обработува може да прицврстите една даска или лајсна и
1 609 92A 0LW | (21.1.14)
да ја водите површинската глодалка по должината на
помошниот граничник. Водете ја површинската глодалка
на израмнетата страна на лизгачката плоча по должината
на помошниот граничник.
Обликување и глодање на рабови
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
– Водете го вклучениот електричен апарат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ
од делот што се обработува.
– Водете го електричниот апарат со двете дланки по
должината на работ од делот што се обработува. Притоа
внимавајте на точниот агол при потпирањето.
Преголемиот притисок може да го оштети работ на
делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика H)
Вметнете го паралелниот граничник 32 со водечките
прачки 33 во базната плоча 13 и цврсто затегнете го со
шрафовите 7 соодветно на потребните димензии. Со
пеперутка-завртките 34 и 35 може дополнително да ја
подесите должината на паралелниот граничник.
Со вртливото копче 36 по олабавување на двете
пеперутки-завртки 34 може фино да ја подесите
должината. Едно вртење одговара на должина на
подесување од 2,0 мм, една од цртичките на вртливото
копче 36 одговара на промена на должината на
подесувањето за 0,1 мм.
Со помош на шината-граничник 37 може да ја промените
ефективната контактна површина на паралелниот
граничник.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот граничник
по должината на работ од делот што се обработува.
При глодање со паралелен граничник 32 треба да се врши
и вшмукување на правта/струготините со помош на
специјален адаптер за вшмукување 38.
Глодалки со адаптер за шестар (опрема)
За кружно глодање може да го употребите адаптерот за
шестар.
Глодање со шина-водилка (опрема)
Со помош на шината-водилка и адаптерот за шината
водилка може да извршувате линеарни работни постапки.
Глодање со копирна чаура (види слики I–L и слика N)
Со помош на копирната чаура 42 може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот што се
обработува.
За да се користи копирната чаура 42 најпрво мора да се
вметне адаптерот за копирна чаура 39 во лизгачката
плоча 11.
Поставате го адаптерот за копирната чаура 39 од горе на
лизгачката плоча 11 и зашрафете го со 2 шрафа за
прицврстување 40. Внимавајте на тоа, лостот за
деблокирање за адаптерот за копирната чаура 41 да може
слободно да се движи.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gof 1250 lce professional

Inhaltsverzeichnis