Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch Keo Originalbetriebsanleitung Seite 163

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Keo:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
Секогаш следете ги беѕбедносните упатства.
u
Редовно чистете го електричниот алат и држачот на
листот за пилата бидејки насобран материјал може да го
попречува движењето.
Исчистете го прифатот за листот на пилата, по можност со
компресиран воздух или мека четка. Притоа, секогаш
прво извадете го листот за пилата од електричниот алат.
Одржувајте ја функционалноста на прифатот за
листовите на пилата со употреба на соодветни средства
за подмачкување.
Јаката нечистотија на електричниот алат може да доведе
до пречки или дефекти. Затоа материјалите од кои се
создава многу прав при сечењето, не сечете ги од долу
или над главата.
Уредот чувајте го на суво, безбедно место вон дофат на
деца.
Не редете други предмети врз електричниот алат.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура
од –20 °C − 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример
во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во
уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на
дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата
изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Bosch Power Tools
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните уреди, батериите, опремата и
амбалажите треба да се сортираат за
повторна употреба.
Не фрлајте ги уредите и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се
рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 163).
Македонски | 163
F 016 L94 166 | (11.10.2021)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis