Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hitachi F43E4200 Bedienungsanleitung Seite 737

Inhaltsverzeichnis

Werbung

дигиталниот телетекст екран. Кога ќе го притиснете
повторно копчето Text, ТВ-уредот се враќа на
телевизиско емитување.
Надградба на софтвер
Вашиот ТВ-уред може да бара и автоматски да
ажурира системски софтвер автоматски преку
сигналот на емитерот или преку интернет.
Пребарување на надградба на софтвер преку
корисничкиот интерфејс
На главното мени изберете Систем>Подесувања,
а потоа Повеќе. Одете до Надградба на софтвер
и потоа притиснете на копчето ОК. Потоа изберете
Скенирање за надградба и притиснете го копчето
OK за да проверите за нови софтверски надградби.
• Ако се најде нова надградба, почнува да се
симнува истата. Откако ќе се заврши преземањето,
се појавува предупредување, притиснете го копчето
ОК за да го завршите ажурирањето на софтверот
и да го рестартирате ТВ-уредот.
Режим на пребарување и надградба во 3
часот наутро
Вашиот ТВ-уред ќе бара нови надградби во 3:00
часот доколку автоматското скенирање во менито
Опции за надградба е вклучено и телевизорот е
поврзан на сигнал на антена или на интернет. Ако е
најден нов софтвер и успешно е преземен, ќе биде
инсталиран на следното вклучување.
Забелешка: Немојте да го исклучувате кабелот додека
трепка лед-диодата за време на рестартирањето. Ако
телевизорот не се вклучува после надградба, исклучете
го од струја, почекајте 2 минути и вклучете го повторно.
Сите ажурирања се контролираат автоматски. Ако се
направи мануелно пребарување се и не се најде софтвер,
тоагаш оваа е тековната верзија.
Решавање на проблеми и совети
ТВ-уредот не се вклучува
Осигурете се дека кабелот е правилно вклучен во
штекерот. Притиснете го копчето Напојување на
телевизорот.
Лоша слика
• Проверете дали е рпавилно наштиман вашиот
ТВ-уред.
• Ниско ниво на сигнал може да доведе до
искривување на сликата. Проверете ги врските
на антената.
• Доколку рачно сте штелувале, проверете дали
сте ја внесле правилната фреквенција.
Нема слика
• ТВ-уредот не прима никаков сигнал, Проверете
дали е избран вистинскиот извор за влез.
• Дали антената е правилно поврзана?
• Дали е оштетен антенскиот кабел?
• Дали се користат соодветни приклучоци за
поврзување на антена?
• Ако се сомневате, консултирајте го вашиот
продавач.
Без звук
• Проверете дали звукот на телевизорот не е
пригушен. Притиснете го Mute или повишете го
тонот за да проверите.
• Звукот доаѓа од само еден звучник. Во менито
Звук проверете ја рамнотежата на звукот.
Далечински управувач - не работи.
• Батериите можеби се празни. Заменете ги
батериите.
• Можеби батериите се ставени погрешно.
Прочитајте го делот „Ставање на батерии во
далечинскиот управувач".
Нема сигнал на влезен извор
• Можно е да не е поврзан ниеден уред.
• Проверете ги AV-каблите и врските од вашиот
уред.
• Проверете дали е вклучен уредот.
Сликата не е центрирана во извор VGA
За вашиот Тв-уред автоматски да ја центрира
сликата, влезете во менито PC позиција во
менито Слика, означете Автоматски намести и
притиснете ОК. Почекајте да заврши. За мануелно
поставување на сликата може да ги користите
опциите H-позиција и V-позиција. Изберете ја
саканата опција и користете ги левото и десното
копче за насока на далечинскиот управувач за да
ја поставите.
Снимањето не е достапно
За да снимите програма, прво треба да поврзете
УСБ-меморија с о вашиот ТВ-уред додек а
телевизорот е исклучен. Тогаш треба да го уклучите
ТВ-уредот за да се појави опцијата за снимање. Ако
не можете да снимате, проверете дали уредот за
складирање е правилно форматиран и дали има
доволно простор.
USB е многу бавно
Ако пораката „Брзината на пренесување на USB-
дискот е многу бавна" се прикаже на екранот
додека започнувате со снимање, пробајте да
го рестартирате снимањето. Ако и понатаму ја
добиете истата грешка, можно е вашиот диск УСБ
да не е во согласност со барањата за брзина.
Обидете се да користите различен уред за
складирање USB.
Македонски - 31 -

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis