Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hitachi F43E4200 Bedienungsanleitung Seite 714

Inhaltsverzeichnis

Werbung

3. TV
3.1. Водич
Со оваа опција може да пристапите до менито
на електронскиот програмски водич. Видете го
делот Електронски програмски водич за повеќе
информации.
3.2. Канали
Со оваа опција може да пристапите до менито
Канали. Видете го делот Користење на списокот
канали за повеќе информации.
3.3. Тајмери
Може да поставите тајмери за идни настани со
опцијата на ова мени. Може да ги ревидирате и
претходно креираните тајмери под ова мени.
За да додадете нов тајмер, изберете го табулаторот
Додај тајмер со копчиењата Лево/Десно и
притиснете ОК. Поставите ги опциите на подменито
како што сакате и кога ќе завршите, притиснете ОК.
Ќе се направи нов тајмер.
За да уредите претходно креиран тајмер, означете
го тајмерот, изберете Уреди го избраниот тајмер и
притиснете ОК. Сменете ги опциите на подменито
како што сакате и притиснете ОК за да ги зачувате
поставките.
За да уредите претходно креиран тајмер, означете
го тајмерот, изберете Избриши го избраниот
тајмер и притиснете ОК. ќе се прикаже потврдна
порака Изберете ДА и притиснете ОК за да
продолжите. Тајмерот ќе се откаже.
Не може да се постават тајмери за два или
повеќе поединечни настани што ќе се емитуваат
на различни канали во ист временски интервал.
Во овој случај, ќе ви биде побарано да изберете
еден од овие тајмери и да ги откажете другите.
Означете го тајмерот што сакате да го откажете
и притиснете ОК, ќе се прикаже менито Опции.
Потоа означете Постави/Откажи и притиснете
ОК за да го откажете тајмерот. Ќе мора да ги
зачувате измените после тоа. За да го направите
тоа, притиснете ОК, означете Зачувај промени и
притиснете повторно ОК.
3.4. Снимки
Може да ги уредувате снимките со опциите на
ова мени. Можете да репродуцирате, уредувате,
бришите или сортирате претходно снимени
настани. Означете табулатор со копчето за насока
Лево или ДЕсно и притиснете ОК за да ги видите
достапните опции.
3.5. Повеќе апликации
За да управувате со апликациите инсталирани
на вашиот ТВ-уред, можете да ја користите оваа
опција. Означете и притиснете ОК. Можете да
додадете инсталирана апликација на Почетното
мени, да ја отворите или отстраните. Означете
апликација и притиснете ОК за да ги видите сите
достапни опции.
3.6. Продавница
Со оваа опција можете да додадете нови апликации
од продавницата за апликации. Означете и
притиснете ОК. Ќе бидат изложени достапните
апликации. Можете да пристапите до продавницата
и преку менито Повеќе апликации.
3.7. Повторно постави апликации
Можете да ги поставите повторно приспособувањата
по мерка на Почетното мени на стандарните
поставки со оваа опција (достапноста зависи од ТВ-
моделот и од неговите карактеристики). Означете
и притиснете ОК. ќе се прикаже потврдна порака
Изберете ДА и притиснете ОК за да продолжите.
Имајте предвид дека нема да можете да ја
извршувате оваа операција повторно следните
неколку минути.
3.8. Пристапност
Со оваа опција можете да пристапите до менито
поставки за пристапност.
3.9. Поставки за приватност
Со оваа опција можете да пристапите до менито
поставки за приватност. Оваа опција може да
не е достапна во зависност од моделот на ТВ-
уредот и избраната земја во текот на Првичната
инсталација .
4. Поставки
Може да ги уредувате поставките на вашиот ТВ-
уред со опциите на ова мени. Видете го делот
Содржина на менито Поставки за повеќе
информации.
5. Извори
Може да ги уредувате влезните референци на
изворот со опциите на ова мени. За да го смените
тековниот извор или за да го користите ТВ-уредот
како безжичен уред за прикажување, означете една
од опциите и притиснете ОК.
5.1. Поставки за изворот
Со оваа опција можете да пристапите до менито
поставки за извор. Уредете ги имињата, активирајте
или деактивирајте ги избраните опции за извор.
Ставање батерии во далчинскиот управувач
Отстранете го задниот капак за да го отворите
одделот за батерии. Вметнете две батерии AAA.
Проверете дали знаците (+) и (-) се поклопуваат
(внимавајте на поларитетот). Не користете стари
и нови батерии истовремено. Заменете ги само со
ист или истоветен тип. Вратете го капакот.
Ќе се прикаже порака на екранот кога батериите се
истрошени и мора да се заменат. Имајте предвид
дека кога батериите се при крај, тоа може да влијае
врз работењето на далечинскиот управувач.
Македонски - 8 -

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis