Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Монтажа - Electrolux EAL6240AOU Benutzerinformation

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EAL6240AOU:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 25
144 www.electrolux.com
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја
и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата
за да спречите затворање на деца
и миленичиња во внатрешноста
на апаратот.
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата
за заштита и сигурност.
МЕСТОПОЛОЖБА
• Апаратот не е предвиден за
користење како вграден апарат.
• При монтажа кога апаратот не
е самостоен, почитувајќи го
потребниот простор за димензиите
при употреба, апаратот ќе работи
правилно, но потрошувачката на
енергија може малку да се зголеми.
• За да обезбедите најдобра
функционалност на апаратот, не
треба да го монтирате во близина
на извор на топлина (печка, рерни,
радијатори, шпорети или плотни)
или на место со директна сончева
светлина. Погрижете се воздухот
да може да кружи слободно околу
задниот дел на фрижидерот.
• Апаратот треба да се постави
на суво, добро проветрено место
во затворено.
• За да обезбедите најдобри
перформанси, ако апаратот е
поставен под некој висечки ѕиден
елемент, треба да се одржува
минималното растојание помеѓу
горната страна на фрижидерот.
Во идеални услови, овој апарат
не би требало да се поставува под
висечки ѕидни елементи. Една
или повеќе ногарки на долниот
дел на фрижидерот овозможуваат
апаратот да стои во израмнета
положба.
EAL6xxxXOX_FR-PL_150529.indd 144
• Водовите за ладење и изолираните
материјали на овој апарат се
еколошки производи.
• Изолациската пена содржи запалив
гас. Контактирајте со општинската
власт за да добиете информации
за правилно расходување на
апаратот.
• Не оштетувајте го делот за ладење
којшто се наоѓа во близина на
разменувачот на топлина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако го поставите апаратот
до ѕидот, употребете ги
задните разделувачи кои се
испорачани или одржувајте
минимум растојание како што
е прикажано во инструкциите
за монтажа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако го монтирате апаратот
веднаш до ѕидот, видете ги
упатствата за монтажа за да
го разберете минималното
растојание меѓу ѕидот и
страната на апаратот каде
шарките на вратата треба да
обезбедат доволно простор
за отворање на вратата кога
се вади внатрешата опрема
(на пр. кога чистите).
• Овој апарат е предвиден за
употреба при собна температура
во опсег од 10°C до 43°C.
Правилното работење
на апаратот може да се
гарантира само во наведениот
температурен опсег.
• Ако не сте сигурни околу тоа
каде да го монтирате апаратот,
побарајте совет од продавачот,
од нашата служба за корисници
или од најблискиот овластен
сервисен центар.
• Мора да овозможите апаратот
да се исклучува од напојувањето.
Оттаму, по монтирањето, штекерот
мора да биде лесно достапен.
10-07-2020 07:26:01 PM

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis