Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKF 1600 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 207

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKF 1600 CE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Глодање со шестар за глодање (види слика L)
За кружно глодање може да го употребите шестарот на
глодалката/адаптерот за шините водилки (42).
Монтирајте го шестарот на глодалката како што е
прикажано на сликата.
Завртете ја завртката за центрирање (47) во навојниот
отвор на шестарот на глодалката. Поставете го врвот на
завртката во средишната точка на кружниот лак што
треба да се изглода, а притоа внимавајте на тоа, врвот на
завртката да влегува во површината на делот за
обработување.
Поставете го саканиот радиус со грубо поместување на
шестарот на глодалката и затегнете ги пеперутка-
завртките (44) и (45).
Со вртливото копче (46) по олабавување на пеперутка-
завртките (45) може фино да ја подесите должината.
Едно вртење одговара на должина на подесување од
2,0 mm, една од цртичките на вртливото копче (46)
одговара на промена на должината на подесувањето за
0,1 mm.
Водете го вклучениот електричен алат со десната
рачка (4) и дршката на шестарот на глодалката (43)
преку делот за обработување.
Глодање со шина водилка (види слика M)
Со помош на шините водилки (49) може да вршите
праволиниски движења.
За изедначување на висинските разлики мора да ја
монтирате дистанционата плоча (48).
Монтирајте го шестарот на глодалката/адаптерот за
шините водилки (42) како што е прикажано на сликата.
Зацврстете ја шината водилка (49) со соодветни уреди за
затегнување, на пр. менгеме, на делот за обработување.
Поставете го електричниот алат со монтираниот адаптер
за шини водилки (42) на шината водилка.
Глодање со копирната чаура (види слики N–Q)
Со помош на копирната чаура (53) може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот за
обработување.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm.
За да се користи копирната чаура (53) најпрво мора да
се вметне SDS-адаптерот на копирната чаура (50) во
лизгачката плоча (14).
Поставате го адаптерот за копирната чаура (50) од горе
на лизгачката плоча (14) и завртете ги со 2 завртки за
прицврстување (51). Внимавајте на тоа, лостот за
деблокирање за адаптерот за копирната чаура (52) да
може слободно да се движи.
Вметнете го лостот за деблокирање (52) во правец на
стрелката и ставете ја копирната чаура (53) од долу во
SDS-адаптерот за копирна чаура (50). Кодираните запци
мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната
чаура (53).
Bosch Power Tools
Проверете го растојанието од средината на глодалката и
работ на копирната чаура (види „Центрирање на
основната плоча (види слика R)", Страница 207).
Изберете помал дијаметар на глодалката од
u
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Процес на глодање
Напомена: Земете во предвид дека глодалката (18)
секогаш е издадена над основната плоча (13). Не го
оштетувајте шаблонот или делот што се обработува.
Водете го вклучениот електричен алат со копирната
чаура (53) на шаблонот.
При користење на единица за вдлабнување (2):
Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на
вдлабнување (7) надолу и полека водете ја
површинската глодалка надолу, додека не се постигне
подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете
го лостот за деблокирање (7) за да ја фиксирате оваа
длабочина на вдлабнување.
Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи (53) со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Центрирање на основната плоча (види слика R)
За да е подеднакво исто растојанието од средината на
глодалката до работ на копирната чаура (53) доколку е
потребно копирната чаура и лизгачката плоча (14), може
да се центрираат една кон друга.
При користење на единица за вдлабнување (2):
Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата на
вдлабнување (7) надолу и полека водете ја
површинската глодалка надолу, додека не се постигне
подесената длабочина на глодање. Повторно отпуштете
го лостот за деблокирање (7) за да ја фиксирате оваа
длабочина на вдлабнување.
Олабавете ги завртките за прицврстување (54) за околу
2 вртења, така што лизгачката плоча (14) ќе може
слободно да се движи.
Поставете го трнот за центрирање (55) во прифатот за
алат како што е прикажано на сликата. Рачно зацврстете
ја претурната навртка, така што трнот за центрирање сè
уште може слободно да се движи.
Центрирајте ги трнот за центрирање (55) и копирната
чаура (53) еден со друг, со лесно поместување на
лизгачката плоча (14).
Повторно затегнете ги завртките за прицврстување (54).
Извадете го трнот за центрирање (55) од прифатот за
алат.
При користење на единица за вдлабнување (2):
Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за
вдлабнување (7) и водете ја површинската глодалка во
најгорната позиција.
Работење на маса за глодање (види слика S)
Единицата за копирање (3) може да се вметне во
соодветна маса за глодање. За монтажа, извадете ја
лизгачката плоча (14) и прицврстете ја единицата за
Македонски | 207
1 609 92A 57S | (16.04.2021)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis