Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKF 1600 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 205

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKF 1600 CE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Вклучување/исклучување
Пред вклучувањето, поставете ја длабочината на
глодање.
За Вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (20) и држете
го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (20) притиснете го копчето
за (19).
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (20) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (19)
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (20) и потоа отпуштете го.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Подесување на длабочината за глодање
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
Подесување на длабочината на глодање единицата за
вдлабнување (види слика G)
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
– Свртете ја скалата за фино подесување (6) на 0.
– Револвер-граничникот (12) поставете го на најнизок
степен; се слуша кога тој ќе се вклопи.
– Олабавете ја завртката со нарецкана глава на
граничникот за длабочина (16), така што тој (11) ќе
може слободно да се движи.
– Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за
вдлабнување (7) надолу и полека водете ја
површинската глодалка надолу, додека
глодалката (18) не ја допре површината на делот што
се обработува. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање (7) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– Притиснете го граничникот за длабочина (11) надолу,
додека не легне на револвер-граничникот (12).
Лизгачот со индексна ознака (10) поставете го на
позиција 0 на скалата за длабочина на глодање (9).
– Поставете го граничникот за длабочина (11) на
саканата длабочина за глодање и зацврстете ја
завртката со нарецкана глава на граничникот за
длабочина (16). Внимавајте на тоа, лизгачот со
индексната ознака (10) да не го поместувате повеќе.
Bosch Power Tools
– Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за
вдлабнување (7) и водете ја површинската глодалка
во најгорната позиција.
Поставената длабочина на глодање се достигнува само
ако граничникот за длабочина за време на процесот на
вдлабнување (11) го достигне револвер-
граничникот (12).
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на револвер-граничникот (12)
може да го поделите процесот на глодање на повеќе
степени. Притоа, подесете ја саканата длабочина на
глодање со најнизок степен на револвер-граничникот и
за првиот процес на обработка изберете го највисокиот
степен. Растојанието помеѓу чекорите е околу 3,2 mm.
По пробата за глодање, со вртење на вртливото копче (5)
можете да ја подесите длабочината на глодање точно на
саканите димензии; свртете во правец на стрелките на
часовникот за зголемување на длабочината на глодање, а
за намалување на длабочината на глодање свртете во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Скалата (6) служи за ориентација. Едно вртење одговара
на должина на подесување од 1,5 mm, една од цртичките
на горниот раб на скалата (6) одговара на промена на
должината на подесувањето за 0,1 mm. Максималната
должина на подесување изнесува ±16 mm.
Пример: Потребната длабочина на глодање треба да
изнесува 10,0 mm, а при пробното глодање сте измериле
длабочина од 9,6 mm.
– Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за
вдлабнување (7) и водете ја површинската глодалка
во најгорната позиција.
– Свртете го вртливото копче (5) за 0,4 mm/4 цртички
(разлика од зададената и реалната вредност) во
правец на стрелките на часовникот.
– Проверете ја избраната длабочина на глодање со уште
едно пробно глодање.
При фино подесување на длабочината на глодање,
проверете дали страничната индексна ознака на
единицата за вдлабнување покажува (8) кон средината
на линиите. На тој начин ќе се осигурате дека има
доволна должина на подесување за повторно
прилагодување на длабочината на вдлабнување во двете
насоки.
Доколку единицата за вдлабнување (2) падне до
максималната длабочина на вдлабнување, поголема
длабочина на вдлабнување не може да се постигне дури и
со фино подесување, бидејќи е искористена
максималната должина на подесување.
Фино поседување исто така не е можно ако граничникот
за длабочина (11) го достигне револвер-
граничникот (12).
Македонски | 205
1 609 92A 57S | (16.04.2021)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis