Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GDB 180 WE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 139

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GDB 180 WE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (14) на
канџестата спојка (10) и свртете го до крај во правец на
стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода (12). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината (13). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
Приклучување на всисувач за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Поставете го адаптерот за всисување (15) на канџестата
спојка (10) и свртете го до крај во правец на стрелките на
часовникот.
Ставете го цревото за всисување (17) од всисувачот за
мокро/суво всисување (види „Опрема/резервни
делови", Страница 140) коешто е прилагодено и
препорачано за овој систем на млазниците за
всисување (16).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Пред почетокот на работата повикајте го
u
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате за
планираното дупчење. Арматури смее да се сечете
само со одобрение на градежен статичар.
При дупчење во ѕид или под, неопходно е да
u
проверите дали во просторијата постојат препреки.
Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото
од дупчењето од паѓање со помош на облога.
Bosch Power Tools
Проверка на функцијата на заштитниот уред за
диференцијална струја (PRCD)
Пред секој почеток на работата проверете го правилното
функционирање на заштитниот прекинувач за
диференцијална струја (PRCD) (18):
– Притиснете на копчето TEST на заштитниот
прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Црвениот контролен приказ се гаси.
– Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат
мора да се изгаси.
Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако
ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при
вклучување на електричниот алат, електричниот алат
мора да го оставите во сервисната служба на Bosch.
Доколку заштитниот прекинувач за
u
диференцијална струја (PRCD) е дефектен,
електричниот алат не смее да се користи.
Вклучување
Притиснете на копчето RESET на заштитниот прекинувач
за диференцијална струја (PRCD) (18).
Мокро дупчење: Поставете ја запорната славина за
вода (12) на проток.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) и држете
го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување дополнително притиснете на
копчето за фиксирање (2).
Исклучување
Отпуштете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (1). При фиксиран прекинувач за
вклучување/исклучување, најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
Мокро дупчење: Затворете ја запорната славина за
вода (12). По завршување на работата извадете го
приклучниот елемент за славината (13) од доводот за
вода. Отворете ја запорната славина за вода (12) и
испуштете ја преостанатата вода.
Ограничување на стартната струја
Електрониката на електричниот алат овозможува мек
старт на моторот и ја спречува превисоката стартна
струја.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување притиснете на копчето RESET на
заштитниот прекинувач за диференцијална струја
(PRCD) (18). Прекинувачот за вклучување/
исклучување (1) ставете го во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Бирање на бројот на вртежи
Со прекинувачот за избор на брзина (11) може да
изберете две брзини на вртење.
Македонски | 139
1 609 92A 4SW | (24.03.2021)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis