Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DMR203 Bedienungsanleitung Seite 114

Kabelloser lautsprecher
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DMR203:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 65
● 10.8V-12Vмакс. батерии
Ламбички на индикатор
Осветлено
Исклучено
ЗАБЕЛЕШКА:
Во зависност од условите на употреба и
амбиенталната температура, прикажувањето може
малку да се разликува од реалниот капацитет.
Употреба на испорачаниот адаптер
за напојување со наизменична струја
Отстранете го гумениот заштитник и вметнете
го приклучокот за адаптер во приклучникот за
еднонасочна струја на десната страна од звучникот.
Вклучете го адаптерот во стандардна приклучница
за напојување со струја. Секогаш кога се користи
адаптерот, батеријата автоматски се исклучува.
ВНИМАНИЕ:
● Секогаш исклучувајте го адаптерот за
напојување со наизменична струја целосно пред
да го преместувате звучникот Ако адаптерот
за напојување со наизменична струја не се
отстрани, тој може да предизвика струен удар.
● Никогаш не влечете го и/или не тегнете го
кабелот на адаптерот. Ако не постапите
така, звучникот случајно може да падне
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој
околу вас.
ВАЖНО:
● Приклучокот за напојување со струја се користи
како средство за поврзување на звучникот
со електричното напојување. Приклучницата
за електрично напојување што се користи
за звучникот мора да остане пристапна при
вообичаена употреба.
● За да се исклучи звучникот, адаптерот за
електрично напојување треба целосно да
се исклучи од приклучницата за електрично
напојување.
● Користете го само адаптерот за напојување со
наизменична струја што е доставен со производот
или посочен од Makita.
● Не држете го кабелот за електрично напојување
и приклучокот со устата. Доколку направите така
може да дојде до струен удар.
● Не допирајте го приклучокот за напојување со
влажни или масни раце.
● Оштетени или испреплетени кабли го зголемуваат
ризикот од струен удар. Ако кабелот е оштетен,
Преостанат
капацитет
Трепка
75% ~ 100%
50% ~ 75%
25% ~ 50%
0% ~ 25%
114 МАКЕДОНСКИ
истиот да се замени од страна на нашиот
овластен сервисен центар за да се избегне
ризик по безбедноста. Не употребувајте го пред
поправката.
● По употребата, секогаш чувајте го адаптерот
за напојување со наизменична струја подалеку
од дофат на деца. При играњето на децата со
кабелот, може да настанат повреди.
Приклучок за напојување преку УСБ
Овој приклучок може да се користи за полнење
на мобилен телефон или кој било друг уред што
користи помалку од 2.1A на еднонасочна струја.
Полнењето ќе се случува само кога звучникот е
вклучен.
Напомена:
уверете се дека спецификациите на вашиот
надворешен уред како мобилен телефон или
репродуктор се компатибилни со звучникот.
Прочитајте го упатството за работа со вашиот
надворешен уред пред да го полните.
ВАЖНО:
● Пред поврзувањето на УСБ-уредот со полначот,
секогаш направете резервна копија на вашите
податоци од УСБ-уредот. Во спротивно може да
дојде до загуба на вашите податоци.
● Полначот може да не доставува енергија до некои
УСБ-уреди.
● Кога не се користи или по полнењето, отстранете
го УСБ-кабелот и затворете го капакот.
● Не поврзувајте извор на енергија на УСБ-портата.
Во спротивно постои ризик од пожар. УСБ-
портата е наменета само за полнење на уреди
со понизокнапон. Секогаш затворајте го капакот
врз УСБ-портата кога не го полните уредот со
понизокнапон.
● Не вметнувајте шајка, жица или слично во портата
за напојување преку УСБ. Во спротивно краток
спој може да предизвика чад и пожар.
● Не поврзувајте го овој приклучок за УСБ со вашата
УСБ-порта на компјутерот, бидејќи постои голема
веројатност тоа да предизвика оштетување на
уредите.
СЛУШАЊЕ МУЗИКА СО
ПРЕНЕСУВАЊЕ ПРЕКУ
BLUETOOTH
Треба да го спарите вашиот уред со Bluetooth со
звучникот пред да може автоматски да го поврзете
за репродукција/пренесување музика преку Bluetooth
низ звучникот. Спарувањето создава „врска" така што
двата уреда може да се препознаат еден со друг.

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis