Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSA 1100 E Professional Originalbetriebsanleitug Seite 121

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSA 1100 E Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

120 | Македонски
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
При менувањето на сечилата за пила внимавајте на
u
тоа, на прифатот за сечило за пила да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со
1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да
биде подолго отколку што е потребно за предвидениот
рез.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Притиснете го SDS-лостот (4) нанапред и водете го
сечилото за пилата (1) зад стезната плоча (11) во
прифатот за сечило за пила (3). Отпуштете го SDS-
лостот (4).
Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото
u
за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може
да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да
се стави.
1 609 92A 4TH | (03.05.2019)
Вадење на сечилото за пила
Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го
u
да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на
пила, постои опасност од повреда.
Притиснете го SDS-лостот (4) нанапред и извлечете го
сечилото на пила (1). Отпуштете го SDS-лостот (4).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Работна светилка
Работната светилка (9) свети, доколку е вклучен
струјниот приклучок и ја подобрува видливоста на самото
работно место.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (6). Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете
го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
Autogoods "130"
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

3 601 f4c 8

Inhaltsverzeichnis