Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Електрично Поврзување - Samsung NZ84T9747VK Montage- Und Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 68
Инсталација
Електричната и механичката инсталација мора да се
изведе од квалификуван персонал.
Електричниот апарат е дизајниран за вградување во 2-6
см дебела работна плоча во случај на ГОРНИ инсталации;
2,5-6 см во случај на ИЗРАМНЕТИ инсталации.
Минималниот слободен простор помеѓу врвот за готвење
и ѕидот мора да биде најмалку 5 см од предната страна,
најмалку 4 см од страна и најмалку 50 см во поглед на
ѕидните единици одозгора.
Забелешка= Предложените слободни простори се
индикативни: кога ги одредувате просторите, следете
ги инструкциите на производителот на кујната.
Електрично поврзување
Сл. 3
- Исклучете го уредот од електричната мрежа
-Инсталацијата мора да се изврши од страна на
професионално квалификуван персонал кој е запознаен
со применливите стандарди за инсталација и безбедност.
-Производителот одбива секаква одговорност за лица,
животни или предмети во случај на непочитување на
инструкциите од ова поглавје.
-Струјниот кабел мора да биде доволно долг за да
овозможи отстранување на плочата за готвење од
работната плоча
-Проверете дали напонот на плочката со податоци на
долниот дел од уредот одговара со тој на куќата каде што
треба да се инсталира.
-Не користете продолжни кабли.
- Заземјувањето се бара со закон
- Кабелот за заземјување мора да биде 2 см подолг од
другите кабли
- Ако апаратот за домаќинството не е опремен со струен
кабел, користете кабел со минимален дијаметар на
спроводник од 2,5 мм2 за моќност до 7200 вати; за
повисоки нивоа на моќност, дијаметарот мора да биде 4
мм2.
- Во никој момент долж кабелот не треба да се достигне
температура од 50° C над собната температура.
- Уредот е наменет за трајно поврзување со електричната
мрежа, па затоа, направете го поврзувањето со фиксната
мрежа преку стандарден омниполарен прекинувач, кој
гарантира целосно исклучување на струјата под
категорија III за услови за прекумерен напон и кој е
слободно пристапен по инсталацијата.
Внимание! Пред повторно да го поврзете колото на
главното струјно напојување и да проверите негово
правилно функционирање, секогаш проверете дали
струјниот кабел е правилно монтиран.
Внимание! Интерконекцискиот кабел мора да се замени
од страна на овластен персонал од центарот за поддршка
или исто квалификувано лице.
Забелешка: производот е опремен со функција за
ограничување на моќноста која овозможува да ставите
ограничување на максималната моќност
Ограничувањето мора да се постави во времето на
поврзувањето на производот на електричната мрежа или
кога сама се поврзува електричната мрежа (во рок од
следните 2 минути). За поставување на секвенцата за
ограничување на моќноста, погледнете го делот
„Ракување" од прирачникот.
Монтирање
Пред да ја стартувате инсталацијата:
По отпакувањето на производот, проверете да не е
оштетен за време на транспортот и во случај на
проблеми, контактирајте го вашиот продавач или
центарот за поддршка пред да продолжите со
инсталацијата.
Проверете дали производот е со точната големина за
локацијата за инсталација.
Проверете за додатоци во пакувањето (ставени таму
за полесен транспорт) како на пример ќеси што
содржат завртки, гарантен лист и др. Извадете ги и
чувајте ги на безбедно.
Исто така проверете дали има штекер во близина на
просторот за инсталација
Подготовка на плакарот за инсталација:
-
Производот не може да се инсталира над апарати за
ладење, машини за миење садови, грејачи, печки,
машини за перење алишта и машини за сушење.
-
Исечете го плакарот пред да ја вметнете плочата за
готвење и внимателно отстранете ги струганиците или
струшките.
ВАЖНО:
користете лепливо средство за пополнување
со една компонента (S), отпорно на високи
температури до 250°;
пред инсталација, површините што треба да бидат
премачкани со лепак мора внимателно да се исчистат,
отстранувајќи ги сите супстанции што може да го
загрозат лепењето
(на пр. средства за ослободување, презервативи,
маст, масла, прашоци, стари остатоци од лепак и др.);
средството за потполнување мора да се дистрибуира
рамномерно долж целиот периметар на рамката;
по лепењето, оставете да се исуши околу 24 часа.
ВНИМАНИЕ! Ако не ги инсталирате завртките и
затворачите во согласност со инструкциите може да дојде
до електрични опасности.
Забелешка: за да се осигура правилна инсталација на
производот се препорачува да се облепат цевките
користејќи фластер со следниве карактеристики:
- меко еластична PVC фолија со лепак на акрилна база
- кој е во согласност со DIN EN 60454 прописите
- огноотпорен
- одлична отпорност против абење
- отпорна на температурни флуктуации
- може да се користи на ниски температури
253

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Nz84t9747uk

Inhaltsverzeichnis