Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GGS 18V-23 LC Professional Originalbetriebsanleitung Seite 196

Geradschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
196 | Македонски
Вклучување/исклучување (GGS 18V-23 PLC)
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво
притиснете ја нанапред рачката за ослободување (13) и
потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/
исклучување (5).
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија (7) ставете ја во подножјето на
електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.
Исклучување при повратен удар
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при глодање,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да
се активира заштитата од рестартирање и електричниот
алат да не стартува со работа и покрај активираниот
прекинувач за вклучување/исклучување (5).
Прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ставете го
во исклучена позиција и одново вклучете го
електричниот алат.
Функции на поврзување
®
За поврзување со Bluetooth
Low Energy Module GCY 30-4
на располагање ги имате следните функции на
поврзување за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
1 609 92A 5DG | (15.10.2019)
®
За информации за Bluetooth
Low Energy Module
GCY 30-4 прочитајте го соодветното упатство за
употреба.
Совети при работењето
Електричниот алат со активиран Bluetooth
u
Energy Module GCY 30-4 е опремен со радио-
интерфејс. Треба да се внимава на локалните
оперативни ограничувања, на пр. во авиони или
болници.
Во предели каде Bluetooth®-радио технологијата не
u
смее да се користи, мора да се исклучат Bluetooth®
Low Energy Module GCY 30-4 и копчестата батерија.
Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен
лесен притисок, за да постигнете оптимални работни
резултати. Преголемиот притисок го намалува учинокот
на електричниот алат и резултира со брзо абење на
брусното тело.
Заштитете ги брусните алати од удари.
u
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од –
20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
®
Low
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis