Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch Quigo green Originalbetriebsanleitung Seite 195

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
слободно во рака, тогаш ласерските линии трепкаат постојано брзо и мерниот уред
работи без автоматика за нивелирање. Ласерските линии остануваат вклучени, а
двете вкрстени линии не мора да се една кон друга во прав агол. За да обезбедите
паѓање на двете ласерски линии под прав агол една кон друга, позиционирајте го
мерниот уред ортогонално кон ѕидот.
За повторно да работите со автоматиката за нивелирање, позиционирајте го
мерниот уред така што долната страна ќе биде хоризонтално центрирана и почекајте
го самонивелирањето. Штом мерниот уред ќе се најде и израмни во полето на
самонивелирање од  ±4° ласерските линии повторно светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на
референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската
u
линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Прицврстување со држач (види слика A)
Со помош на држачот (16) може да го прицврстите мерниот уред на различни
предмети со дебелина од 10 до 60 mm, на пр. на вертикални или хоризонтални
даски или цевки.
Олабавете ги завртките за прицврстување (15) на држачот, поставете го држачот на
саканото место и повторно затегнете ја завртката за прицврстување.
Поставете го мерниот уред со прифатот за статив (6) на 1/4"-завртка (13) на
држачот и свртете го со умерена сила на држачот. Не претерувајте со затегнувањето
на мерниот уред, бидејќи може да се оштети.
Грубо центрирајте го држачот, пред да го вклучите мерниот уред. Олабавете ја
завртката за фиксирање (14) на држачот и движете го мерниот уред во
хоризонтална позиција на саканата висина. Повторно зацврстете ја завртката за
фиксирање.
Исто така можете мерниот уред да го прицврстите за држачот со адаптер-
плочата (3).
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина.
Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (6) на навојот на стативот
(11) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање
на стативот.
Bosch Power Tools
Македонски | 195
1 609 92A 4RH | (06.11.2018)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis