Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GDR Professional 14,4 V-LI MF Originalbetriebsanleitung Seite 148

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GDR Professional 14,4 V-LI MF:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1051-003.book Page 148 Thursday, September 19, 2013 10:13 AM
148 | Македонски
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
 Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Доколку е дефектна батеријата, од неа може да
излезе течност и да искапе на околните предмети.
Проверете ги соодветните делови. Доколку е
потребно, исчистете ги или заменете ги.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред. При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или
непознати производители, постои опасност од повреди
како и материјални штети доколку експлодира
батеријата.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
1 609 92A 0C1 | (19.9.13)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови како и за зацврстување и
отшрафување на мутери во дадените граници на
димензии. Електричниот апарат со соодветниот алат за
вметнување во позиција за дупчење е исто така погоден за
дупчење во дрво, метал, керамика и пластика.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прифат на алатот
2 Чаура за заклучување
3 Лампа „PowerLight"
4 Прекинувач „Дупчење/Одвртување"
5 Врвка за носење
6 Држач за појас*
7 Батерија*
8 Копче за отклучување на батеријата*
9 Прекинувач за менување на правецот на вртење
10 Прекинувач за вклучување/исклучување
11 Дупчалка со шестаголно вратило*
12 Битови за одвртувач за топчест затворач*
13 Универзален држач за битови *
14 Бит за одвртувач/зашрафувач *
15 Карбонски четки
16 Капаче за затворање
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 93 dB(A); ниво на звучна јачина
104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gdr professional 18 v-li mf

Inhaltsverzeichnis