Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSS 23 A Professional Originalbetriebsanleitung Seite 106

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSS 23 A Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-384-003.book Page 106 Thursday, September 8, 2016 8:25 AM
106 | Македонски
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-4, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ECS
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
1 609 92A 36K | (8.9.16)
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слика A1 – A4)
Ставете ја кутијата за прав 3 на млазниците за издувување
10, додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав 3 извлечете ја надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав 3, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав 3 за вградената рачка,
преклопете го филтерот 11 нагоре и испразнете ја кутијата
за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 11 со мека
четка.
Надворешно вшмукување (види слика B)
Ставете едно црево за вшмукување 12 на млазниците за
издувување 10. Цревото за вшмукување 12 поврзете го
со вшмукувач за прав. Прегледот за приклучување на
различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на брусните листови
За овозможување на оптимално вшмукување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови без велкро лепенка (види слики C – E)
 Притиснете на копчето за отклучување 8 и држете го
притиснато.
 Водете го брусниот лист 7 до крај под отворениот
заден терминален блок 9 и повторно отпуштете го
копчето за отклучување 8. Внимавајте на
затегнатоста на брусниот лист во средината.
 Притиснете на лостот за блокада 5 и држете го
притиснат.
 Брусниот лист 7 поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист 7 под
отворениот заден терминален блок 4.
 Држете го брусниот лист затегнат и отпуштете го
лостот за блокада 5, за да го фиксирате брусниот
лист.
Неиздупчените брусни листови, на пр. од материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење 13 за вшмукување на прав.
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика F).
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis