Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Безбедносни Информации - Huawei 4G Router 3 Pro Schnellanleitung

Inhaltsverzeichnis
Безбедносни информации
Copyright © Huawei 2020.Сите права се задржани.
ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е САМО ЗА ИНФОРМАТИВНИ ЦЕЛИ И НЕ ПРЕТСТАВУВА НИКАКВА
ГАРАНЦИЈА.
LTE е трговска марка на ETSI.
®
Wi-Fi
, логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance.
Политика за приватност
За да разберете подобро како ги користиме и ги штитиме вашите лични информации,
прочитајте ја Политиката за приватност на http://consumer.huawei.com/privacy-policy.
За да разберете како ги користиме и ги заштитуваме вашите лични информации на овој уред,
отворете ја страницата за управување преку веб, пристапете до Изјава за Уреди за мобилен
широкопојасен пренос од Huawei и приватност и прочитајте ја нашата политика за приватност.
Ажурирање на софтвер
Ако продолжите да го користите овој уред, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате
со следниве содржини:
За да обезбеди подобра услуга, уредот автоматски ќе добива информации за ажурирање на
софтверот од Huawei или од операторот откако ќе се поврзе на интернет. Овој процес ќе
користи мобилни податоци и бара пристап до единствениот идентификатор на уредот (IMEI/
сериски број) и мрежниот идентитет на давателот на услугите (PLMN) за да провери дали
уредот треба да се ажурира.
Овој уред ја поддржува карактеристиката за автоматско ажурирање. Откако ќе се овозможи,
уредот автоматски ќе презема и инсталира критични ажурирања од Huawei или од вашиот
оператор. Функцијата е стандардно овозможена и може да се оневозможи од менито за
поставки на страницата за управување преку веб.
Безбедносни информации
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните помагала или
пејсмејкерите. Обратете се до давателот на услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см
меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако
користите пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го
носете уредот во предниот џеб.
Идеални температури за работа се 0 °C до +40 °C. Идеални температури за чување се -20 °C
до +70 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната
опрема.
Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без
директна изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други
предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што задржуваат топлина, како на пример,
кутија или кеса.
Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како што се греалка,
микробранова печка, шпорет, бојлер, радијатор или свеќа.
Уредот треба да се инсталира и со него да се ракува со најмало растојание од 20 см меѓу
изворот на зрачење и Вашето тело.
Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или
батерија може да предизвика пожар, експлозија или друга опасност.
Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба за овој модел од страна на
производителот на уредот. Користењето на други типови дополнителна опрема може да
доведе до поништување на гаранцијата, кршење на локалните прописи и закони, и може да
биде опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе информации околу достапноста на
одобрената дополнителна опрема во Вашиот регион.
Електричниот приклучок служи како уред за исклучување.
138
https://manual-hub.com/
Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis