Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSH 5 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 107

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSH 5 CE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-419-009.book Page 107 Monday, December 9, 2013 2:43 PM
– Дополнителната дршка 10 може да ја премонтирате.
Притоа целосно одвртете ја назабената навртка 11 и
потоа извлечете го нагоре шестаголниот шраф.
Повлечете ја дополнителната дршка 10 странично и
навалете го преостанатиот дел за затегање за 180°.
Монтирајте ја дополнителната дршка 10 по обратен
редослед.
Замена на алатот
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и лесно,
без користење на дополнителни алати, да го замените
алатот што се вметнува.
Капакот за заштита од прав 1 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 1 е оштетен.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види слика C)
– Турнете ја чаурата за заклучување 2 наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот апарат,
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 нагоре (I), додека не се
фиксира.
– За да го исклучите, притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 надолу (0) и отпуштете го.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Електрониката за регулација овозможува бесстепено
бирање на бројот на вртежи и удари за работење во
согласност со материјалот.
Константната електроника ја одржува конзистентноста на
бројот на вртежи и удари помеѓу празниот од и работење
со оптоварување.
Изберете го бројот на вртежи со тркалцето за подесување
7 соодветно на материјалот.
При вклучување на мрежниот приклучок во
приклучницата или по пад на струја, електрониката за
регулација автоматски го поставува нависокиот број на
вртежи и удари. Ова спречува, поради пониската поставка
на тркалцето за подесување 7 да не се работи со
оптимална јачина.
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Примена
Обработка на гипс/
лесни градежни материјали
Вадење на плочки
Обработка на цигли
Обработка на бетон
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во12 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Притиснете го прстенот за подесување на длетото 3
нанапред и со помош на прстенот за подесување 3
свртете го длетото во саканата позиција.
– Отпуштете го прстенот за подесување на длетото 3 и
вртете го длетото додека не се вклопи.
Македонски | 107
Позиција на копчето за
подесување 7
1 609 92A 0FE | (9.12.13)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis