WMF МЕЃУНАРОДЕН ГАРАНТЕН ЛИСТ
Македонски / Macedonian
www.wmf.com
WMF oбезбедува сервисно одржување за време и после истекување на рокот на траење на
гаранцијата.
Различни додатоци, заменски и резервни делови можат да се купат доколку се достапни во
локалниот сервис или на начин опишан на интернет страницата на WMF, www.wmf.com
Гаранција :
Овој апарат е под гаранција на WMF (aдреса на компанијата и останати информации се во прилог
на меѓународниот гарантен лист на WMF) на било какви грешки настанати во производството, било
на материјалот или во тек на процесот на производство и важи за гарантниот период од 2 години,
од денот на купување или од денот на достава. Меѓународната гаранција на произведувачот WMF
е дополнителна корист која не е во спор со законските права на купувачот. Интернационалната
гаранција на произведувачот ги покрива сите трошоци кои се однесуваат на поправка на
неисправен апарат до неговото враќање во ригинална состојба, како поправка или замена на
неисправен дел и трошоци за стручна работа. По избор на WMF, апаратот може да се замени со
ист, или од повисока класа, наместо да се поправи. Со оваа гаранција, WMF се обврзува исклучиво
на поправка или замена на неисправен апарат.
Ограничување за употреба вон домаќинствата
Во случај на употреба вон домаќинставата и/или неприватна употреба единствено важи
комерцијалната гаранција на компанијата WMF и е ограничена на 1 година.
Услови и исклучоци :
Меѓународната гаранција на компанијата WMF се однесува само во рамките на периодот на
гаранција и за тие земји кои што се набројани во прикачената листа на земји и е само валидна
како претставување на дока за за купување или пак при достава. Апаратот може да биде доставен
во овластен сервис или мора да биде соодветно спакуван и препорачано испратен преку пошта
(или сличен метод на враќање). Списокот со целосни адреси на овластени сервиви во сите земји
се наоѓа на веб страницата на WMF (www.wmf.com) или можете да ги дознаете со повикување
на соодветниот телефонски број за потрошувачи кој се наоѓа на приложениот список со земји.
WMF не е обврзан да поправи или замени ниту еден производ за кој не постои валиден доказ за
купување. Гаранцијата не покрива оштетувања кои настанале како резултат на погрешна употреба
или користење кое не е во склад со упатството за употреба на WMF, употреба на апаратот на
напон кој не одговара на оној кој е назначен на апаратот, измени или поправки кои ги извршило
неовластено лице. Исто така, гаранцијата не покрива абење на материјалот настанато со нормална
употреба на апаратот, како ни одржување или замена на потрошните делови на апаратот, како ни
оштетувања настанати во следните случаи:
- употреба на несоодветен тип на вода
- продирање на вода, прашина или инсекти внатре во производот (со исклучок на уредите со
специјални функции дизајнирани за фаќање на инсекти)
59