202 | Македонски
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Надворешно всисување
Всисувачот за прав мора да биде одобрен за всисување
на прав при обработка на камен. Bosch ги нуди
соодветните всисувачи на прав.
Поставете црево за всисување (10) (опрема) на
млазниците за всисување (8). Поврзете го цревото за
всисување (10) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на всисувачи за прашина ќе
го најдете на крајот од ова упатство.
Препорачуваме да користите антистатички црева и
спроводливи всисувачи. Може да користите
конвенционални црева и всисувачи, но не се
препорачува поради можно статичко полнење.
Напомени за употреба на брусилки за бетон
Внимавајте на следните информации за да ги намалите
емисиите на прашина што се појавуваат при работа.
– Користете само комбинации препорачани од Bosch од
дијамантската лончеста плоча, брусилка за бетон со
монтиран заштитниот капак и капакот за всисување и
всисувач од класата на прав М. Други комбинации
може да доведат до полошо собирање на прашината.
– Почитувајте ги упатствата за работа на всисувачот за
одржување и чистење на правосмукалката
вклучувајќи ги и филтрите. Испразнете ги садовите за
собирање прав веднаш кога ќе се наполнат. Редовно
чистете ги филтрите на всисувачот и секогаш целосно
вметнувајте ги филтрите во всисувачот.
– Користете црева за всисување предвидени од Bosch.
Не ракувајте со цревото за всисување. Ако делчиња од
камен влезат во цревото за всисување, прекинете ја
работата и веднаш исчистете го. Избегнувајте
превиткување на цревото за всисување.
– Користете ја брусилката за бетон само во согласност
со предвидената употреба.
– Внимавајте на општите барања за работни места на
градилиштата.
– Обезбедете добра вентилација.
– Обезбедете чиста работна површина. При подолга
работа, всисувачот мора да може слободно да се
следи или навремено да се следи.
– Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и по потреба ракавици. Како маска за
заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со
филтрирање на најмалку една честичка.
– Користете соодветен всисувач за чистење на
работното место. Не мешајте ја наталожената прашина
со метење.
1 609 92A 770 | (30.05.2023)
Работа
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (1)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (1) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (1) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) наназад
надолу и потоа отпуштете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Напомени за работењето
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
Не допирајте ја дијамантската лончеста плоча, пред
u
да се олади. Дијамантските лончести плочи за време
на работењето стануваат многу жешки.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува.
Движете го електричниот алат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. За отстранување
на слоеви, електричниот алат може да се води под мал
агол до површината на работното парче без да влијае на
всисувањето прав.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Bosch Power Tools