Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GAS 12V Professional Originalbetriebsanleitung Seite 84

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GAS 12V Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
84 | Македонски
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
u
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на садот за прав (види слики B1–B3)
Исчистете го садот (8) по секоја употреба, за да го
одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Држете го всисувачот малку надолу како што е
прикажано за да не може да испадне прав од садот за
прав при отворање на всисувачот.
– Притиснете го копчето за отклучување (1) и извадете
го садот за прав (8) од куќиштето на моторот (7).
– Фатете во вдлабнатината (11) на куќиштето на
моторот (7) и повлечете ја филтерската единица (13)
на заптивката за филтерот (12) од куќиштето на
моторот.
– Истресете го садот за прав (8) над соодветен сад за
отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го садот за прав со
влажна крпа.
Доколку е потребно исчистете ја филтерската единица.
– Вметнете ја филтерската единица (13) со заптивката
за филтер (12) повторно во куќиштето на моторот (7).
– Потоа закачете го садот за прав на дното на куќиштето
на моторот и малку притиснете го садот за прав така
што звучно ќе се вклопи.
Чистење на филтерска единица (види слика C)
На филтерската единица (13) не смее да се употребува
мокро чистење.
– Држете го всисувачот малку надолу како што е
прикажано за да не може да испадне прав од садот за
прав при отворање на всисувачот.
– Притиснете го копчето за отклучување (1) и извадете
го садот за прав (8) од куќиштето на моторот (7).
– Фатете во вдлабнатината (11) на куќиштето на
моторот (7) и повлечете ја филтерската единица (13)
на заптивката за филтерот (12) од куќиштето на
моторот.
– Четкајте ги ламелите на набраниот филтер со мека
четка.
– Монтажата се врши по обратен редослед.
1 609 92A 7XS | (21.07.2022)
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на всисување:
– Дали е садот за прав (8) полн?
▷ Испразнете го садот за прав.
– Дали набраниот филтер е запушен со нечистотија?
▷ Исчистете ја филтерската единица (13).
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата (5)?
▷ Наполнете ја батеријата.
Редовното празнење на садот за прав (8) и чистењето на
филтерската единица (13) гарантираат оптимален
перформанс на всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне јачина на
всисување, обратете се кај Bosch-сервисната служба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Bosch Power Tools

Werbung

loading