Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0 602 207 Bedienungsanleitung Seite 352

Hgs
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 0 602 207:

Werbung

OBJ_BUCH-2568-002.book Page 352 Tuesday, November 8, 2016 1:33 PM
352 | Македонски
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура 3.
– Доколку брусното тело не може да се стави, одново
олабавете го ексцентричното затегнување.
Со вилушкастиот клуч 13 одвртувајте ја затезната чаура
3 во правец спротивен на стрелките на часовникот,
додека со аголниот одвртувач 27 ќе држите во
спротивната страна во процепот на ексцентричната
болцна.
Одвртувајте ја затезната чаура додека не се стави
затегнувачката дршка на брусното тело.
– На крај повторно завртете ја затезната чаура со
вилушкаст клуч 13 во правец на стрелките на
часовникот, додека со аголниот одвртувач 27 ќе
држите на спротивната страна во процепот на
ексцентричната болцна.
– Вртете го аголниот одвртувач 27 во правец спротивен
на стрелките од часовникот, додека затезната чаура 3
не се вовлече во вретеното за брусење 4.
Проверете дали брусното тело е добро фиксирано.
Тестирајте ја работата на новомонтираните брусни
клинови без оптоварување.
Вадење на брусниот клин
Брусните клинови може да
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
се вжештат при подолга
употреба на електричниот апарат. Користете заштитни
ракавици, за да го извадите брусниот клин.
Олабавете го ексцентричното затегнување како што е
претходно опишано и извадете го брусниот клин.
Промена на затезната чаура
 Користете само соодветни и неоштетени
вилушкасти клучеви (види „Технички податоци").
Тип 0 602 226 ..., 0 602 227 ..., 0 602 228 2..,
0 602 229 ... (види слика H)
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 14 на површината на клучот.
Олабавете ја затезната чаура 11 со вилушкаст клуч 26
со вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
– Вртете го вилушкастиот клуч 26 во правец спротивен
на стрелките на часовникот, додека затегнувачката
завртка 11 со ставена затезна чаура 3 не се извади од
вретеното за брусење.
– За да ја монтирате затезната чаура, цврсто држете го
вретеното за брусење 4 со вилушкаст клуч 14 на
површината на клучот, ставете ја новата затегнувачка
навртка со ставена затезна чаура во вретеното за
брусење и повторно затегнете ја затегнувачката
навртка 11 со вилушкаст клуч 26 во правец на
стрелките на часовникот.
Тип 0 602 233 ... (види слика I)
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 14 на површината на клучот.
Олабавете ја затезната чаура 3 со вилушкаст клуч 13 со
вртење во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
1 609 92A 36H | (8.11.16)
– Вртете го вилушкастиот клуч 13 во правец спротивен
на стрелките на часовникот, додека не се извади
затезната чаура 3 од вретеното за брусење 4.
– За монтажа на затезната чаура држете го вретеното за
брусење 4 со вилушкаст клуч 14 на површината на
клучот, и ставете ја затезната чаура 3 во вретеното за
брусење и зацврстете ја со вилушкастиот клуч 13 во
правец на стрелките на часовникот.
Тип 0 602 228 3.. (види слика J)
– Вртете го вретеното за брусење 4 во правец на или во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
отворот во куќиштето на вретеното 5 не стане видлив
во процепот на ексцентричната болцна.
– Уметокот на аголниот одвртувач опфатен со испораката
27 ставете го процепот во ексцентричната болцна.
Вртете го аголниот одвртувач во правец на стрелките на
часовникот, за да го попуштите ексцентричното
затегнување.
Затезната чаура 3 притоа малку се поместува од
вретеното за брусење 4.
– Со вилушкастиот клуч 13 одвртувајте ја затезната чаура
3 во правец спротивен на стрелките на часовникот,
додека со аголниот одвртувач 27 ќе држите во
спротивната страна во процепот на ексцентричната
болцна.
– За да ја монтирате затезната чаура, ставете ја во
вретеното за брусење.
На крај повторно завртете ја затезната чаура со
вилушкаст клуч 13 во правец на стрелките на
часовникот, додека со аголниот одвртувач 27 ќе
држите на спротивната страна во процепот на
ексцентричната болцна.
– Вртете го аголниот одвртувач 27 во правец спротивен
на стрелките од часовникот, додека затезната чаура 3
не се вовлече во вретеното за брусење 4.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Bosch Power Tools

Werbung

loading