Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0 602 207 Bedienungsanleitung Seite 341

Hgs
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 0 602 207:

Werbung

OBJ_BUCH-2568-002.book Page 341 Tuesday, November 8, 2016 1:33 PM
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за рамни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење
 Овој електричен апарат треба да се користи како
брусилка. Внимавајте на сите безбедносни
напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги
добиле во прилог на електричниот апарат. Доколку
не внимавате на следните упатства, може да дојде до
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
 Овој електричен апарат не е погоден за брусење со
брусна хартија, работа со жичани четки, полирање и
сечење со брусни плочи. Доколку го користите
електричниот апарат за несоодветни намени, може да
се предизвикаат опасност и повреди.
 Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Дозволениот број на вртежи на опремата за
брусење мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Опремата за брусење којашто
се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да
летне од алатот.
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат. Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
 Брусните плочи, брусните валјаци или другата
опрема мора да биде соодветна на вретеното за
брусење или затезната чаура на вашиот електричен
апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се
прицврстат во прифатот за алат на електричниот
апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и
може да доведат до губење на контролата.
Bosch Power Tools
 Дисковите, цилиндрите за брусење, алатите за
сечење или другата опрема монтирани на трнот
мора целосно да бидат вметнати во затегнувачката
чаура или затегнувачката глава. „Издадениот" одн.
слободниот дел на трнот помеѓу брусното тело и
затегнувачката чаура мора да биде минимален.
Доколку чивијата не е доволно затегната или брусното
тело е предалеку поставено, алатот за вметнување
може да се олабави и при висока брзина може да се
исфрли.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи имаат
скинати делови и процепи, дали на брусните валјаци
има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и
дали има олабавени или скршени жици на жичаната
четка. Доколку ви падне електричниот апарат или
алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен
или пак употребете неоштетен алат за вметнување.
Откако сте го провериле и ставиле алатот за
вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат
во близина на нивото на ротирачкиот алат што се
вметнува и оставете го алатот да врти една минута
на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој
пробен период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од
употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни
ракавици или специјални престилки што ќе ве
заштитат од честичките настанати при брусење на
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат
правта што настанува при употребата. Доколку сте
изложени на гласна врева подолго време, може да го
изгубите слухот.
 Доколку има други лица во работното поле, држете
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу
и да предизвикаат повреди и надвор од директното
поле на работа.
 Држете го уредот само за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли или сопствениот приклучен кабел. Контактот
со струјниот кабел може металните делови на уредот да
ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
 Секогаш држете го цврсто електричниот апарат при
стартувањето. При старт со полн број на вртежи,
реакцискиот момент на моторот може да доведе до тоа,
електричниот апарат да се заврти.
Македонски | 341
1 609 92A 36H | (8.11.16)

Werbung

loading