Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GCM Professional 8000 SJ Originalbetriebsanleitung Seite 245

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM Professional 8000 SJ:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Транспортен осигурувач (види слика D)
Транспортниот осигурувач (30) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот
(16), за да го ослободи транспортниот осигурувач
(30).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (30).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (11), ако го
заглавува механизмот за влечење (12). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– За фиксирање на масата за сечење (22) затегнете го
копчето за фиксирање (25).
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и рачката
на алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Водете ја рачката на алатот надолу додека
транспортниот осигурувач (30) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Поместување на граничната водилка (види слика E)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка (6).
– Олабавете ја завртката за блокада (40) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (35).
Двете надворешни завртки за прицврстување не смеат
да се олабавуваат!
– Целосно извлечете ја граничната водилка (6)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (40).
По сечење на вертикални агли на закосување, повторно
вратете ја назад подесливата гранична водилка (6)
(олабавете ја завртката за фиксирање (40); поместете ја
граничната водилка (6) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја завртката за фиксирање).
Продолжување на масата за пила (види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (3).
– Олабавете ja завртката за затворање (2).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (3) до саканата должина.
Bosch Power Tools
– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење
повторно затегнете ја завртката за затворање (2).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот за
обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за
добро да се прицврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (21).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (7) во
отворите предвидени за таа намена (41).
– Прилагодете ја навојната прачка (42) на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (42) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот и
вертикалниот агол на закосување
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (25) и
u
затегнувачкиот лост (10) пред сечењето. Инаку
сечилото за пила може да се заглави во делот што се
обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика H)
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси
во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (25), доколку е
затегнато.
– Притиснете на рачката (26) нагоре, свртете ја масата
за сечење (22) со копчето за фиксирање кон лево или
десно и со помош на агломерот (24) наместете го
саканиот хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (25).
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (28):
лево
45°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (25) доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот (26) и свртете ја масата за
пила (22) до саканиот жлеб на левата или десната
страна.
Македонски | 245
десно
15°; 22,5°; 45°
1 609 92A 7NC | (26.04.2022)

Werbung

loading