Herunterladen Diese Seite drucken

Braun SilkFinish FG 1100 Bedienungsanleitung Seite 62

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Македонски
Ви благодариме што го купивте Braun
Silk·épil FG 1100 кој што прецизно
и безбедно ги отстранува несаканите
влакна од телото, лицето и препоните.
Се надеваме дека ќе уживате
користејќи го апаратот. Ве молиме
внимателно и целосно да го прочитате
упатството пред употреба.
Важно
• Апаратот не е наменет за употреба
од страна на деца или лица со
намалена физичка, сензорна или
ментална способност, освен ако се
под надзор на лице кое е одговорно
за нивната безбедност. Чувајте го
апаратот вон дофат на деца за да
бидете сигурни дека децата нема да
играат со него.
• Батериите може да се испразнат
доколку не се употребуваат подолго
време. Со цел да се заштитите и Вие
и Вашиот апарат, отстранете ги
батериите навремено и избегнувајте
контакт со кожата додека ги
отстранувате батериите.
• Поради хигиенски причини, не го
делете апаратот со други лица.
• Да не се користи апаратот на
иритирана или воспалена кожа.
• Никогаш не го користете апаратот
доколку главата за бричење е
оштетена.
Опис
1
Заштитно капаче
2
Додаток за прецизно бричење
3
Додаток за препони
3а Чешел за скратување на влакната
на препоните, 5 мм
3b Чешел за скратување на влакната
на препоните, 8 мм
4
Копче за уклучување / исклучување
« I / O »
5
Капак за преградата од батеријата
6
Четкичка
Поставување на батеријата
Овој апарат работи со ААА 1.5 V
батерија. За најдобри резултати
користете алкални манган батерии
(LR03, AM4, AAA, на пример Duracell).
Капацитетот на овие батерии е
приближно 120 минути. Честата
употреба на додатокот за препони (3)
ќе го намали времетраењето.
• Уверете се дека апаратот е исклучен.
• Отстранете го капачето од делот за
батерија (5) така што ќе го повлечете
надолу (а).
• Ставете ја батеријата со (+) и (–)
половите како што е означено.
• Затворете го делот за батерија.
Користење на додатоците
за бричење
Апаратот има различни додатоци кои
се посебно дизајнирани да ги отстранат
несаканите влакна на секоја облина од
Вашето тело, лице или препоните.
Започнете
• Отстранете го заштитното капаче (1).
Поместете го on/off копчето (4) за да
го уклучите апаратот.
• Поставете ја главата за бричење
блиску до влакната кои сакате да ги
отстраните и нежно движете го
апаратот во спротивна насока од
растот на влакната. За најдобри
резултати затегнете ја кожата со
едната рака додека го користите
апаратот.
• Исклучете го апаратот пред да ги
сменувате додатоците.
• За да ја отстраните главата, вртете
ја 90° во спротивен правец на
стрелките од часовникот, а потоа
подигнете ја(b). За да поставите
друга, ставете ја во отворот, потоа
свртете ја за 90° во насока на
стрелките на часовникот се додека
не се постави на местото.
61

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Silk epil fg 11005363