Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTL 3 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 176

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTL 3 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-828-004.book Page 176 Friday, May 16, 2014 1:02 PM
176 | Македонски
– Означете ја средината на 45°-ласерска линија на
5 m оддалеченост како точка VII што е можно
поблиску покрај точката I.
– Разликата d меѓу двете точки VII и I го дава
фактичкото отстапување на 0°-ласерска линија и
45°-ласерска линија.
На мерната линија од 4 x 5 m = 20 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
20 m x ±0,4 mm/m* = ±8 mm.
Според тоа, разликата d помеѓу точките I и VII смее да
изнесува најмногу 8 mm.
* Вредноста±0,4 mm/m е резултат од точноста на
аголот ±0,2 mm/m плус можната несигурност при
вртење од 0,2 mm/m.
Совети при работењето
 Мерниот уред ставајте го секогаш рамно на
подот одн. прицврстете го рамно на ѕидот. При
нерамно поставување одн. прицврстување, аголот
е помал од 45° одн. 90°.
 За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
 За израмнување никогаш не ги користете
ласерските линии, коишто мерниот уред на
подот ги проектира на ѕидот. Мерниот уред нема
самонивелирачка функција, па затоа линијата на
ѕидот е искривена.
 Референтната точка за израмнување на плочки е
точка на пресек P на ласерските линии директно
пред мерниот уред. За да пренесете агол,
мерниот уред мора да се сврти на оваа точка на
пресек, види слика F.
 Поставете го мерниот уред само на чиста плоча
за израмнување 10. На нерамна, извалкана
површина на плочата за израмнување мерниот
уред не може да стои рамно и може да доведе до
погрешни резултати при мерењето.
Работење со плоча за израмнување
(види слики D–E)
Со помош на плочата за израмнување 10 може рамно
да го поставите мерниот уред на нерамен или
нестабилен под.
1 609 92A 0L0 | (16.5.14)
Плочата за израмнување 10 исто така е погодна како
ѕиден држач за мерниот уред. Прицврстете ја плочата
за израмнување на ѕид или на коса површина напр. со
завртки (обични), така што ќе биде обезбедена од
превртување. Употребете васер-вага, за рамно да ја
поставите плочата за израмнување на површината.
Позиционирање на мерниот уред на плочата за
израмнување: Поставете го мерниот уред со
магнетите 4 на долната страна на плочата за
израмнување 10. Мрежата од линии на горната страна
на плочата за израмнување помага при точно
позиционирање на мерниот уред. За пренесување на
90°- одн. 45°-агли поставете ја плочата за
израмнување на референтен раб или на проекција на
ѕид и поставете го мерниот уред, како што е
прикажано на горната страна на плочата за
израмнување.
Работење со целна табла за ласерот/мерна плоча
за плафон (види слика A)
Целната табла за ласерот 9 или мерната плоча за
плафон 14 ја подобрува видливоста на ласерскиот
зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на
ласерот 9 ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната половина ласерската
линија е видлива и од задната страна на целната табла
на ласерот.
Мерната плоча за плафон 14 (опрема) може да се
примени и за прикажување на ласерски линии. Како и
целната табла за ласерот, таа располага со една
рефлектирачка и една транспарентна половина.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина.
На тој начин црвеното светло на ласерот изгледа
посветло за окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила
не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis