Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GST 90 E Professional Originalbetriebsanleitung Seite 157

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GST 90 E Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Внимавајте запците на млазниците за всисување, да се
вклопат E во соодветната вдлабнатина на електричниот
алат, како што е прикажано на сликата.
Поставете црево за всисување (17) (опрема) на
млазниците за всисување (16). Поврзете го цревото за
всисување (17) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (14).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (7) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика G)
Основната плоча (5) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Bosch Power Tools
Заштитниот капак (15), млазниците за всисување (16) и
заштитата од кинење (14) не можат да се вметнат при
сечење со закосување.
– Лесно притиснете ги надолу млазниците за
всисување (16) и извлечете ги од основната плоча (5).
– Извадете ги заштитниот капак (15) и заштитата од
кинење (14).
– Олабавете ја завртката (19) со внатрешен шестаголен
клуч (4) и вметнете ја лесно основната плоча (5) во
правец на струјниот кабел.
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната
плоча (5) согласно скалата (18) во саканата позиција.
Другите агли на косо сечење може да се подесат со
помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (5) до крај во
правец на сечилото за пила (10).
– Повторно затегнете ја завртката (19).
Поместување на основната плоча (види слика G)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (5).
Олабавете ја завртката (19) и вметнете ја основната
плоча (5) до крај во правец на струјниот кабел.
Повторно затегнете го шрафот (19).
Сечењето со поместена основна плоча (5) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се
користат и паралелниот граничник со кружен секач (22)
(опрема) и заштитата од кинење (14).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на
струготините: За работење со многу
стругање во дрво и пластика, меѓу другото,
ставете го прекинувачот (6) во правец на
млазниците за всисување.
Исклучување на уредот за оддувување на
струготините: За работење во метал како и
при приклучен всисувач на прашина
ставете го прекинувачот (6) во правец на
сечилото за пила.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување (GST 90 E)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
Македонски | 157
1 609 92A 862 | (05.08.2022)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gst 90 be professional