Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 0 607 561 118 Originalbetriebsanleitung Seite 173

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2096-001.book Page 173 Monday, December 9, 2013 3:45 PM
 При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
 Користете само средства за подмачкување
препорачани од Bosch.
 При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
 Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секоја употреба проверете ги алатите што се
вметнуваат дали се искинати, со пукнатини или
многу изабени. Доколку Ви падне пневматскиот
алат или алатот што се вметнува, проверете дали е
оштетен или пак употребете неоштетен алат за
вметнување. Откако сте го провериле и ставиле
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата
да бидат во близина на нивото на подвижниот алат
што се вметнува и оставете го алатот да врти една
минута на највисок број на вртежи. Повеќето од
оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот
на овој пробен период.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Избегнувајте контакт со кабли под напон.
Пневматскиот алат не е изолиран, и контактот со кабел
под напон може да доведе до електричен удар.
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
олово во боите и лаковите што содржат олово;
кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
Bosch Power Tools
 При работа со одредени материјали може да се
создадат прав и пареа, кои може да создадат
експлозивна атмосфера. При работата со пневматски
алати може да се создадат искри, што може да ја запали
правта или пареата.
 При обработката на парчето материјал може да
настане дополнителна бучава, што може да се
избегне со соодветни мерки, како на пример
користење на изолациони материјали, доколку се
појавуваат звуци на ѕвонење на делот што се
обработува.
 Доколку пневматскиот алат има придушувач, треба
постојано да контролирате, дали при користењето
на пневматскиот алат истиот е на место и дали се
наоѓа во добра работна состојба.
 Влијанието на вибрациите може да предизвика
оштетувања на нервите, пречки во крвната
циркулација во дланките и рацете.
 Доколку утврдите дека кожата на вашите прсти или
дланки е тврда, ве чеша, боли или се обоила во бело,
запрете ја работата со пневматскиот уред,
известете го вашиот работодавец и консултирајте
лекар.
 Пневматскиот уред држете го со сигурен фат, по
однос на реакциските сили на дланката. Вибрациите
може да се зајакнат, доколку поцврсто го држите
уредот.
 Доколку се користат универзални ротирачки спојки
(канџести спојки), мора да се вметнат и клинови за
заклучување. Користете Whipcheck-осигурувач за
црево, за да имате заштита во случај на дефект на
поврзувањето на цревото со пневматскиот алат или
меѓусебно спојување на цревата.
 Не го носете пневматскиот алат држејќи го за
цревото.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот пневматски алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
пневматскиот алат.
Ознака
Значење
 Прочитајте ги и внимавајте на
сите напомени пред монтажата,
употребата, поправката,
одржувањето и замената на
делови од опремата како и
работење во близина на
пневматските алати. Доколку не
внимавате на следните
безбедносни напомени и упатства,
може да настанат сериозни
повреди.
Македонски | 173
3 609 929 C73 | (9.12.13)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

0 607 561 116

Inhaltsverzeichnis