Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 331

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да
биде правилно поставен:
– Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот
за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
– Дебелината на клинот за расцепување мора да биде
помала од ширината на сечењето и поголема од
основната дебелината на листот.
– Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една
линија со сечилото за пила.
– За нормални сечења за раздвојување клинот за
расцепување мора секогаш да биде во највисоката
можна позиција.
Подесување на висината на клинот за расцепување
(види слика F)
За сечење на жлебови мора да ја поставете висината на
клинот за расцепување.
Користете го електричниот алат за правење
u
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
– Отворете го затезниот лост (37) и извадете го
заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за
разделување (4).
За да го заштитите заштитниот капак од оштетувања,
сместете го во соодветниот држач (11) на куќиштето
(погледнете ја и сликата ).
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за
пила (24) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција
над масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (34) во правец на
стрелките на часовникот, додека не се прикаже
нагоре.
– Извлечете го клинот за разделување од
клиновите (35) (малку извлечете го затезниот
лост (34) нанадвор) и притиснете го клинот за
разделување (4) надолу до крај.
– Двата клина (35) нека се вклопат во горните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (34).
Ознаките (33) на стегата и затезниот лост (34) мора да
бидат израмнети како што е прикажано.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување (види слика G1)
– За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче
за вклучување (57).
Исклучување (види слика G2)
– Притиснете на сигурносниот поклопец (16).
Bosch Power Tools
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање
на електричниот алат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат,
одново притиснете на зеленото копче за вклучување
(57).
Заштита од неовластено работење (види слика G3)
За заштита од неовластено работење, можете да го
заклучите сигурносниот поклопец на прекинувачот за
вклучување-исклучување (16) со помош на катанец.
– Турнете го контролното прозорче (58) наогре и
полека притиснете на сигурносниот поклопец.
– Затворете ги двете окциња на контролното прозорче и
окцето на основната плоча на прекинувачот за
вклучување-исклучување заедно со катанец.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ги
допре граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот алат за правење
u
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
Не го користете електричниот алат за правење
u
процепи (жлеб што завршува во делот што се
обработува).
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
сечилото за пила, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
Позиција на корисникот (види слика H)
Никогаш не стојте директно во линија со сечилото.
u
Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со
сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето
може да го насочи делот што се обработува во близина
на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Предметот за обработка држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
– За тесни делови за обработка и за сечење на
вертикални агли на закосување секогаш користете ја
испорачаната подвижна водечка летва (12) и
дополнителниот паралелен граничник (41).
Македонски | 331
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional