Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch 0601B42001 Originalbetriebsanleitung Seite 327

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Свретете ги завртките за блокирање (32) со шилецот
на прстенест клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и отворете ја подната решетка
(31) (погледни слика a).
Извадете го материјалот за пакување под блокот на
моторот.
Следните елементи на уредот се прицврстени директно
на куќиштето: подвижна водечка летва (12), прстенест
клуч (9), клуч со внатрешна шестаголна глава (10),
паралелен граничник (5), аголен граничник (2), адаптер
за всисување (29), дополнителен паралелен граничник
(41) со сет за прицврстување (42), заштитен поклопец
(3).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Позиционирање на клинот за расцепување (види
слики b1–b2)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за
пила (24) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција
над масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (34) во правец на
стрелките на часовникот, додека не се прикаже
нагоре.
– Вметнете го клинот за разделување (4) во правец на
затезниот лост (34), додека не се извлекува нагоре.
– Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре,
така што тој ќе се позиционира точно над средината на
сечилото за пила.
– Двата клина (35) нека се вклопат во долните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (34).
Ознаките (33) на стегата и затезниот лост (34) мора
бидат израмнети како што е прикажано.
Bosch Power Tools
Монтирање на додатокот за маса (види слика c)
– Поставете го додатокот за маса (23) над клинот за
расцепување (4) во отворот за алатот.
– Свртете ги завртките за блокирање (36) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено".
Предната страна на додатокот за маса (23) мора да биде
во рамна линија со или малку под масата за сечење, а
задната страна мора да биде во рамна линија или малку
над масата за сечење.
Монтирање на заштитниот капак (види слика d1–d2)
Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако
клинот за разделување во горната позиција е
позициониран точно над средината на сечилото за пила
(види слика b2). Не го монтирајте го заштитниот капак,
ако клинот за разделување се наоѓа во најдолната
позиција (состојба на испорака или позиција за сечење
на жлебови) (види слика b1).
– Олабавете го затезниот лост (37) и извадете го
заштитниот поклопец (3) од држачот (11).
– Со едната рака цврсто држете ја заштитата на сечилото
за пила (горна метална шина) на заштитниот поклопец
(3) и со другата рака повлечете го нагоре затезниот
лост (37).
– Вметнете ја болцната-водилка (38) наназад во жлебот
на клинот за разделување (4).
– Ставете го заштитниот поклопец (3) надолу, додека
заштитата за сечило за пила (горна метална шина) не е
паралелна со површината на масата за сечење (21).
– Притиснете го затезниот лост (37) надолу. Мора да се
почувствува и да се слушне кога ќе се вклопат
затезниот лост и заштитниот поклопец (3) и безбедно
да се монтираат.
Пред секое користење, проверете дали заштитниот
u
поклопец се движи слободно. Не го користете
електричниот алат доколку заштитниот поклопец
не се движи слободно или не се затвора веднаш.
Монтирање на паралелниот граничник (види слика e)
Паралелниот граничник (5) може да се позиционира лево
или десно од сечилото за пила.
– Олабавете ја затезната дршка (39) на паралелниот
граничник (5). На тој начин се растеретува V-
водилката (40).
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб (30) на масата за
сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот
граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на
пила (25).
Сега паралелниот граничник може да го поместувате
по желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (39) надолу.
Македонски | 327
1 609 92A 5UC | (18.09.2020)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gts 635-216 professional