Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCO 2000 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 170

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCO 2000 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-1063-004.book Page 170 Wednesday, September 17, 2014 9:34 AM
170 | Македонски
– Вртете го шестаголниот шраф 24 со испорачаниот клуч
14 (15 мм) и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното 5 додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното и
одвртете го шестаголниот шраф 24.
– Извадете ја подлошката 23 и стезната прирабница 22.
– Извадете ја брусната плоча за сечење 6.
Монтирање на брусната плоча за сечење
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вратилото
на алатот 21, така што налепницата ќе покажува
настрана од рачката на апаратот.
– Поставете ја стезната прирабница 22, подлошката 23 и
шестаголниот шраф 24.
Притиснете ја блокадата на вретеното 5 додека не се
вклопи и затегнете го шестаголниот шраф 24 со
испорачаниот прстенест клуч 14. (вртежен момент на
затегање. 18–20 Nm)
– Полека водете ја надолу заштитната хауба со повратен
механизам 4 додека брусната плоча за сечење целосно
не се покрие.
– Осигурете се дека заштитната хауба со повратен
механизам 4 правилно функционира.
По монтажата на брусната плоча за сечење, пред
вклучувањето, проверете дали брусната плоча за сечење
е точно монтирана и дали може слободно да се врти.
– Осигурете се дека брусната плоча за сечење нема да
стрчи на заштитната хауба со повратен механизам 4, на
фиксираната заштитна хауба 19 или на другите делови.
– Активирајте го електричниот апарат за околу 30
секунди.
Доколку се појават значителни вибрации, веднаш
исклучете го електричниот апарат и одново
демонтирајте ја и монтирајте ја брусната плоча за
сечење.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач 15 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 3 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 15.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 15.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
1 609 92A 0Y1 | (17.9.14)
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 15 може да се притисне
навнатре.
Другите напомени за транспорт видете ги на страна 172.
Подесување на закосениот агол (види слика D)
Аголот на косо сечење може да се постави во граници од
0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник 7. Позициите
0° и 45° се утврдуваат со помош на крајниот граничник.
– Олабавете ги шрафовите за фиксирање 13 на аголниот
граничник со испорачаниот прстенест клуч 14 (15 мм).
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двата шрафа за фиксирање 13.
Поместување на аголниот граничник (види слики D и E)
Аголниот граничник 7 може да го поместите наназад,
доколку сакате да пресечете парчиња со ширина
поголема од 140 мм.
– Целосно одвртете ги шрафовите за фиксирање 13 со
испорачаниот прстенест клуч 14 (15 мм).
– Поместете го аголниот граничник 7 на саканото
растојание за една или две дупки наназад.
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двата шрафа за фиксирање 13.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика E)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник 7.
– Лостот за фиксирање 8 ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното 10.
Олабавување на делот што се обработува
– Олабавете ја рачката на вретеното 10.
– Отворете го делот за брзо отклучување 9 и извлечете го
вретеното за фиксирање 8 од делот што се обработува.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен
на спецификационата плочка на електричниот уред.
 Пред употребата проверете ги брусните плочи за
сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде
монтирана беспрекорно и да може слободно да се
врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без
оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни
или брусни плочи за сечење што вибрираат.
Оштетените брусни плочи за сечење може да пукнат и
да предизвикаат повреди.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis