Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTS 254 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 306

Tischkreissäge
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
306 | Македонски
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Олабавете ги завртките за прицврстување (53) и
отворете го долниот поклопец на сечилото за
пила (52).
– Отстранете ги искршените делови од работниот дел и
струготините.
– Затворете го долниот поклопец на сечилото за пила и
повторно завртете го.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Надворешно всисување (види слика j)
– Цревото за всисување прикачете го цврсто во
соодветниот адаптер за всисување (34).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види
слики k1−k4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете
прегревање на запците на сечилото и топење на
материјалот што се обработува.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
– Свртете ја курблата (17) во правец на стрелките на
часовникот до крај, така што сечилото за пила (28) ќе
се наоѓа во највисоката можна позиција над масата за
сечење.
– Спуштете го заштитниот поклопец (6).
– Подигнете го додатокот за маса (8) за отворот за
држење (54) и извадете го од отворот за алат.
1 609 92A 72F | (13.10.2021)
– Одвртете ја завртката со шестаголна глава (56) со
прстенест клуч (35) во насока спротивна на стрелките
на часовникот, додека со кукаст клуч (36) држите на
стезната прирабница (55) во обратната насока.
– Извадете ја подлошката (57) и стезната
прирабница (55).
– Извадете го сечилото за пила (28).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на приклучната
прирабница (58) на вретеното на алатот.
Напомена: Не користете премали сечила за пила.
Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за
расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот поклопец!
– Поставете ја стезната прирабница (55),
подлошката (57) и завртката со внатрешна шестаголна
глава (56).
– Затегнете ја завртката со шестаголна глава (56) со
прстенест клуч (35) во насока на стрелките на
часовникот, додека со кукаст клуч (36) држите на
стезната прирабница во обратната насока.
– Повторно ставете го додатокот за маса (8).
– Подигнете го заштитниот поклопец (6).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортна и работна позиција на сечилото
за пила
Транспортна позиција
– Отстранете го заштитниот поклопец (6) и додатокот за
маса (8) и позиционирајте го клинот за разделување
(27) во најдолната позиција. Повторно ставете го
додатокот за маса (8).
– Свртете ја курблата (17) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците на сечилото
за пила (28) не се најдат под масата за сечење (4).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (10)
целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (20) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Работна позиција
– Позиционирајте го клинот за разделување (27) во
најгорната позиција точно над средината на сечилото
за пила, вметнете го додатокот за маса (8) и
монтирајте го заштитниот поклопец (6).
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

0601b45000

Inhaltsverzeichnis