Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 18V-216 DC Professional Originalbetriebsanleitung Seite 408

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
408 | Македонски
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (4), додека крајот
на завртката не го допре граничникот за длабочинa
(35).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика S)
За едноставно сечење на исти делови можете да го
користите граничникот за должина (46) (опрема).
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила (14).
– Олабавете ја завртката за блокирање (47) и
преклопете го граничникот за должина (46) над
завртката за затегање (48).
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (47).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (14) на
саканата должина.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Менување на плочата за вметнување (види слика T)
Црвените плочи за вметнување (20) може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (66) со клуч со внатрешна
шестаголна глава (5 mm) (44) и извадете ги старите
плочи за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со
завртките (66) што е можно по десно, така што по
целата должина на можното повлекување на сечилото
за пила нема да дојде во контакт со плочата за
вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата
лева плоча за вметнување.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
1 609 92A 7ED | (21.12.2021)
Проверка (види слика U1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со
дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот за обработка.
– Вклучете ги ласерските зраци со копчето Вклучување/
исклучување на ласер/работно светло (54).
Ласерските зраци мора да бидат рамни по целата
должина на линијата на сечење на делот што се
обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води
надолу.
Отстранување на заштитното капаче на ласерот (види
слика U1)
– Олабавете ги двете завртки (67) на заштитното капаче
на ласерот (10) со клучот со внатрешна шестаголна
глава (44).
Подесување (види слика U2)
1. Подесување на десниот ласерски зрак:
– Свртете ја десната завртка за подесување (68) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (44), додека
десниот ласерски зрак не налегне на целокупната
должина на означената линија на сечење на делот што
се обработува.
Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
2. Подесување на левиот ласерски зрак:
– Свртете ја левата завртка за подесување (68) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (44), додека
левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание
до означената линија на сечење на делот што се
обработува како и десниот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis