Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOF 1250 CE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 172

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GOF 1250 CE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2018-004.book Page 172 Monday, February 16, 2015 1:39 PM
172 | Македонски
– Подесете ја саканата длабочина на глодање,
погледнете во делот „Подесување на длабочината на
глодање".
– Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете
го на делот што се обработува и вклучете го.
– Притиснете го лостот за деблокирање 23 наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу,
додека не се постигне подесената длабочина на
глодање. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 23 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
– По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
површинската глодалка во најгорна позиција.
– Исклучете го електричниот апарат.
Глодалки со помошен граничник (види слика G)
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за
жлебови, како помошен граничник на делот што се
обработува може да прицврстите една даска или лајсна и
да ја водите површинската глодалка по должината на
помошниот граничник. Водете ја површинската глодалка
на израмнетата страна на лизгачката плоча по должината
на помошниот граничник.
Обликување и глодање на рабови
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
– Водете го вклучениот електричен апарат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ
од делот што се обработува.
– Водете го електричниот апарат со двете дланки по
должината на работ од делот што се обработува. Притоа
внимавајте на точниот агол при потпирањето.
Преголемиот притисок може да го оштети работ на
делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика H)
Вметнете го паралелниот граничник 33 со водечките
прачки 34 во базната плоча 13 и цврсто затегнете го со
шрафовите 7 соодветно на потребните димензии. Со
пеперутка-завртките 35 и 36 може дополнително да ја
подесите должината на паралелниот граничник.
Со вртливото копче 37 по олабавување на двете
пеперутки-завртки 35 може фино да ја подесите
должината. Едно вртење одговара на должина на
подесување од 2,0 мм, една од цртичките на вртливото
копче 37 одговара на промена на должината на
подесувањето за 0,1 мм.
Со помош на шината-граничник 38 може да ја промените
ефективната контактна површина на паралелниот
граничник.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот граничник
по должината на работ од делот што се обработува.
При глодање со паралелен граничник 33 треба да се врши
и вшмукување на правта/струготините со помош на
специјален адаптер за вшмукување 39.
1 609 92A 16H | (16.2.15)
Глодалки со адаптер за шестар (опрема)
За кружно глодање може да го употребите адаптерот за
шестар.
Глодање со шина-водилка (опрема)
Со помош на шината-водилка и адаптерот за шината
водилка може да извршувате линеарни работни постапки.
Глодање со копирна чаура (види слики I–L и слика N)
Со помош на копирната чаура 43 може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот што се
обработува.
За да се користи копирната чаура 43 најпрво мора да се
вметне адаптерот за копирна чаура 40 во лизгачката
плоча 11.
Поставате го адаптерот за копирната чаура 40 од горе на
лизгачката плоча 11 и зашрафете го со 2 шрафа за
прицврстување 41. Внимавајте на тоа, лостот за
деблокирање за адаптерот за копирната чаура 42 да може
слободно да се движи.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална
дебелина од 8 мм.
Активирајте го лостот за деблокирање 42 и ставете ја
копирната чаура 43 од долу во адаптерот за копирна чаура
40. Кодираните запци мора цврсто да се вметнат во
отворите на копирната чаура.
 Изберете помал дијаметар на глодалката од
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
За да е подеднакво исто растојанието на средината на
глодалката и ивицата на копирната чаура, доколку е
потребно, копирната чаура и лизгачката плоча може да се
центрираат една кон друга.
– Притиснете го лостот за деблокирање 23 наназад и
водете ја површинската глодалка до крај во правец на
базната плоча 13. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 23 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– Олабавете ги цилиндричните шрафови 44, така што
лизгачката плоча 11 ќе може слободно да се движи.
– Поставете го трнот за центрирање 45 во прифатот за
алат како што е прикажано на сликата. Рачно
зацврстете ја претурната навртка, така што трнот за
центрирање сè уште може слободно да се движи.
– Подесете ја копирната чаура 43 со лесно поместување
на лизгачката плоча 11 на трнот за центрирање.
– Цврсто затегнете ги цилиндричните шрафови 44.
– Извадете го трнот за центрирање 45 од прифатот за
алат.
– Притиснете го лостот за деблокирање 23 и водете ја
површинската глодалка во најгорната позиција.
За глодање со копирната чаура 43 постапете на следниот
начин:
– Водете го вклучениот електричен апарат со копирната
чаура на шаблонот.
– Притиснете го лостот за деблокирање 23 наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу,
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gof 1250 lce professional

Inhaltsverzeichnis