Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GDC 125 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 164

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GDC 125 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1810-004.book Page 164 Wednesday, February 4, 2015 11:49 AM
164 | Македонски
 Не користете синџирест или запчест лист за сечење
како и сегментни дијамантски плочи со процепи
широки повеќе од 10 мм. Таквите алати за
вметнување честопати предизвикуваат повратен удар
или губење на контролата над електричниот апарат.
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за
сечење или преголем притисок. Не изведувајте
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната
искористеност и склоност на закосување или
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или
кршење на брусното тело.
 Доколку се заглави брусната плоча за сечење или
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и
држете го мирно, додека плочата не дојде во
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне
полниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од
делот што се обработува или да предизвика повратен
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Зацврстете го делот што се обработува со стеги или
на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го
држите делот што се обработува само со рака или
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до
губење на контролата.
 Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ракавици. Како маска за заштита
од прав носете маска од класата FFP 2 со
филтрирање на најмалку една честичка.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
1 609 92A 0Y3 | (4.2.15)
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Приклучете го електричниот апарат на прописно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
 Пред да започнете со работа проверете дали
заштитниот прекинувач функционира правилно
(PRCD). Оштетениот заштитен прекинувач (PRCD)
оставете го во сервисна служба на Bosch доколку
треба да се поправи или замени.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за хоризонтално сечење
или правење процепи на цврста подлога со основна плоча
и користење на заштитна хауба претежно во минерални
материјали како на пр. мермер и без користење на вода.
Електричниот апарат не е наменет за сечење во дрво,
пластика или метал.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Скала за подесување на длабочината на сечење
4 Пеперутка-завртка за претходно бирање на
длабочината на резот
5 Спојница за црево
6 Заштитна хауба
7 Ознака за сечење 0°
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis