170 | Македонски
Конфигурација на електричниот алат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator на
електричниот алат може да се конфигурираат различни
поставки (на пр. број на вртежи, степени на одвртување,
заштита од рестартирање). Тогаш електричниот алат
мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC.
Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни
напомени и инструкции во упатството за употреба на
софтверот.
Промена на алат (види слика C)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголна глава).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (2)
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување (13) во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (2)
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување (13) од прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Употреба
Ставање во употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот алат,
најпрво треба да го подесите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење (6):
Електричниот алат ќе стартува, доколку прекинувачот за
правец на вртење (6) не стои во средината (блокада при
вклучување).
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
– Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење (6) на
лево до крај.
– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот
на вртење (6) на десно до крај.
Вклучување на работното светло
Работното светло (3) овозможува осветлување на
местото на завртување при неповолни светлосни услови.
Работното светло го вклучувате (3) со лесно притискање
на прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Доколку го притиснете посилно прекинувачот за
1 609 92A 6N1 | (10.01.2022)
вклучување/исклучување, ќе се вклучи електричниот
алат, а работното светло и понатаму свети.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат спојка за
исклучување која зависи од вртежниот
момент и се подесува во дадените граници.
Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
– За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) до крај.
– Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
При предвремено отпуштање на прекинувачот за
u
вклучување/исклучување (5) претходно
подесениот вртежен момент нема да се постигне.
Совети при работењето
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Подесување на вртежниот момент (види слика E)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на спојката за исклучување. Спојката за исклучување се
отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен
момент како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само испорачаниот алат за поставување
(14).
– Турнете го лизгачот (4) од електричниот алат целосно
наназад.
– Вметнете го алатот за поставување (14) во прифатот
за алат (1) и полека свртете го.
– Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за
подесување (15)) на спојката, вметнете го алатот за
поставување (14) во оваа испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
повисок вртежен момент, а вртењето во правец
спротивен од стрелките на часовникот создава помал
вртежен момент.
– Извадете го алатот за поставување (14). Турнете го
лизгачот (4) повторно нанапред, за да ја заштитите
спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен
обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
момент.
Вртежниот момент поставете го само во
u
наведените граници на јачина, инаку нема да
одговара на спојката за исклучување.
Bosch Power Tools