Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GLL 2-80 P Professional Originalbetriebsanleitung Seite 134

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GLL 2-80 P Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-907-003.book Page 134 Wednesday, May 7, 2014 1:39 PM
134 | Македонски
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 17.
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето 3. При вклучена импулсна функција приказот
свети 4 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучена импулсната функција. За
работење без ласерски приемник, исклучете ја
импулсната функција со одново притискање на копчето 3.
Кога е исклучена импулсната функција, се гаси приказот 4.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 19 или стативот 22.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
on".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
При активиран сигнален тон, за макс. 30 с. се огласува
сигнален тон во брз такт. Во период од 10 с. по
вклучувањето овој аларм се деактивира, за да овозможи
подесување на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
рамки на полето за самонивелирање од ±4°, ласерските
зраци непрекинато светат и сигналниот тон ќе се исклучи.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во
on". При исклучена автоматика за
позиција „
нивелирање, приказот 6 свети црвено и ласерските линии
трепкаат 30 с. во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете
ласерски линии повеќе не поминуваат принудно
вертикално една кон друга.
1 609 92A 0KK | (7.5.14)
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
Најпрво проверете ја точноста на нивелирањето на
хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на
нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на
ѕидот (точка I).
A
180°
B
B
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis