Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PCM 7 Originalbetriebsanleitung Seite 188

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PCM 7:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
OBJ_DOKU-41582-001.fm Page 188 Thursday, July 24, 2014 2:44 PM
188 | Македонски
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да влијае
на губењето на слухот.
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку дојдете
во контакт со листовите за пила постои
опасност од повреда.
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
Ласерско зрачење
Не погледнувајте во зракот
Класа на ласер 2
30 mm
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
1 609 92A 0VL | (24.7.14)
All manuals and user guides at all-guides.com
Ознака
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински
и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво,
како фиксен уред. Притоа можни се хоризонтални агли на
закосување од –46° до +46°, како и вертикални агли на
закосување од 0° до 45°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за
сечење на тврдо и меко дрво.
Електричниот апарат не е наменет за сечење на
алуминиум и други неметали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Дршка
2 Натпис за предупредување на ласерот
3 Лост за олабавување на кракот на алатот
4 Заштитна хауба
5 Заштитна хауба со повратен механизам
6 Гранична водилка
7 Плоча за вметнување
8 Шрафови за плочата за вметнување
Значење
Транспортниот осигурувач 24 Ви
овозможува лесно ракување на
електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
– Транспортниот осигурувач 24 е
притиснат сосема навнатре:
Прицврстување на електричниот
апарат (позиција за транспорт)
– Транспортниот осигурувач 24 е
повлечен сосема нанадвор:
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
Не ги фрлајте електричните апарати во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis