Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita MR001G Betriebsanleitung Seite 103

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MR001G:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 59
3. Откако ќе се постават резервните батерии,
ставете ја главната батерија за напојување на
радиото.
Употреба на испорачаниот адаптер
за напојување со наизменична струја
Извадете го гумениот штитник и поставете го
приклучокот на адаптерот во приклучокот за
еднонасочна струја на десната страна на радиото.
Вклучете го адаптерот во стандардна приклучница
за електрично напојување. Секогаш кога се користи
адаптерот, батеријата автоматски се исклучува.
ВНИМАНИЕ:
● Секогаш исклучувајте го адаптерот за
напојување со наизменична струја целосно
пред да го преместувате радиото. Ако
адаптерот за напојување со наизменична
струја не се отстрани, тој може да предизвика
струен удар.
● Никогаш не влечете го и/или не тегнете го
кабелот на адаптерот. Ако не постапите
така, радиото случајно може да падне
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој
околу вас.
ВАЖНО:
● Адаптерот за електрично напојување се користи
како средство за поврзување на радиото со
електричното напојување. Приклучокот за
напојување што се користи за радиото мора
да остане достапен во текот на вообичаената
употреба.
● За да се исклучи радиото, адаптерот за
електрично напојување треба целосно да
се исклучи од приклучницата за електрично
напојување.
● Користете го само адаптерот за напојување со
наизменична струја што е доставен со производот
или посочен од Makita.
● Не држете го кабелот за електрично напојување
и приклучокот со устата. Доколку направите така
може да дојде до струен удар.
● Не допирајте го приклучокот за напојување со
влажни или масни раце.
● Оштетени или испреплетени кабли го зголемуваат
ризикот од струен удар. Ако кабелот е оштетен,
истиот да се замени од страна на нашиот
овластен сервисен центар за да се избегне
ризик по безбедноста. Не употребувајте го пред
поправката.
● По употребата, секогаш чувајте го адаптерот
за напојување со наизменична струја подалеку
од дофат на деца. При играњето на децата со
кабелот, може да настанат повреди.
Белешка:
Кога вашето радио има некакви пречки во AM
фреквенцискиот опсег од својот адаптер, преместете
го радиото повеќе од 30 cm подалеку од неговиот
адаптер за напојување со наизменична струја.
СЛУШАЊЕ РАДИО
Пребарување AM/FM фреквенции
Белешка:
FM антената е вградена во рачката. Кога ракувате
со радиото, исправете ја рачката правилно над
радиото за да добиете подобар прием. За AM
фреквенцискиот опсег, вртете го радиото да добиете
најдобар сигнал бидејќи AM антената е вградена во
радиото.
1. Притиснете го копчето Напојување за да го
вклучите радиото.
2. Притиснете го копчето Бенд да изберете AM или
FM радио режим.
3. Притиснете го копчето Скенирање, на ЛЦД
екранот ќе светне симболот Скенирање и радиото
ќе пребарува и ќе запре автоматски кога ќе најде
радиостаница. Повторно притиснете го копчето
Скенирање да ја одберете најдената станица.
Белешка:
● Стерео симболот се појавува на екранот, ако
станицата што е најдена е стерео станица.
● Радиото ќе продолжи да пребарува за следни
достапни станици ако не го притиснете копчето
Скенирање повторно кога ќе најде радио
станица.
4. Вртете го копчето за контрола на бирање за да го
прилагодите нивото на звук како што е потребно.
На ЛЦД екранот ќе се покажат промените на
нивото на звук.
Белешка:
● Додека ја прилагодувате јачината на звук,
уверете се дека FM/AM НЕ трепка на екранот.
● Ако AM/FM трепка на екранот, ви овозможува
рачно да ги бирате станиците (видете го делот
„Рачно бирање – AM/FM" за повеќе детали).
● Јачината на звук не треба да биде преголема.
За да спречите можно оштетување на слухот,
не слушајте со голема јачина на звук долги
периоди.
5. За да го исклучите радиото притиснете го копчето
Напојување.
Рачно бирање – AM/FM
1. Притиснете го копчето Напојување за да го
вклучите радиото.
2. Притиснете го копчето Бенд да изберете AM или
FM режим.
103 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis