Herunterladen Diese Seite drucken

Безбедносни Упатства - Stihl EVC 4000 Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EVC 4000:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
4 Безбедносни упатства
4
Безбедносни упатства
4.1
Симболи за предупредување
Симболите за предупредување на моторот
или уредот STIHL го имаат следново
значење:
Следете ги безбедносните упатства
и мерки.
Прочитајте, разберете и чувајте го
упатството за употреба.
Да не се допираат жешките
површини.
Не полнете гориво ако моторот
работи или е загреан.
Избегнувајте вдишување на издувни
гасови.
Колекторот се презагрева. Не
допирајте!
4.2
Гориво и полнење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Горивото што се користи за овој мотор е
бензин. Бензинот е исклучително запалив.
Ако бензинот стапи во контакт со отворен
пламен или топол предмет, може да
предизвика пожар или експлозија. Лицата
може да бидат сериозно повредени или да
загинат и може да се предизвика
материјална штета.
Заштитете го бензинот од топлина и
пожар.
► Не истурајте бензин.
► Ако се истури бензин: Избришете го
бензинот со крпа и палете го моторот
додека не се исушат сите делови на
уредот.
► Не пушете!
► Не полнете гориво во близина на
отворен оган.
► Пред да ставате гориво изгаснете го
моторот и почекајте да се олади.
► Ако резервоарот треба да се испразни:
Правете го тоа на отворено.
0478-983-9913-B
► Палете го моторот најмалку 3 m од
местото на полнење гориво.
► Никогаш не чувајте го моторот во
затворен простор со бензин во
резервоарот.
■ Вдишување на испарувачки гасови од
бензинот може да предизвика труење.
Не вдишувајте испарувачки гасови.
► Полнете гориво на добро проветрено
место.
■ Моторот загрева кога работи. Бензинот
тогаш се шири и може да се зголеми
притисокот во резервоарот за гориво. Ако
капачето на резервоарот е отворено,
бензинот може да испрска надвор.
Испрсканиот бензин може да се запали.
Корисникот може сериозно да се повреди.
Оставете го моторот прво да се
олади, па потоа отворајте го
капачето на резервоарот.
■ Облеката што доаѓа во контакт со бензинот
е лесно запалива. Лицата може да бидат
сериозно повредени или да загинат и може
да се предизвика материјална штета.
► Ако облека дојде во контакт со бензин:
Соблечете ја.
■ Бензинот може да ја загади животната
средина.
► Не истурајте гориво.
► Фрлете го бензинот во согласност со
прописите и на еколошки начин.
■ Ако бензинот дојде во контакт со кожата
или очите, може да предизвика иритација.
► Избегнувајте контакт со бензин.
► Ако дојде во контакт со кожата: Измијте
ги погодените области на кожата со
многу сапун и вода.
► Ако дојде во контакт со очите:
Исплакнете ги очите со многу вода
најмалку 15 минути и консултирајте се со
лекар.
■ Истурениот бензин може да запали. Лицата
може да бидат сериозно повредени или да
загинат и може да се предизвика
материјална штета.
► Исчистете ги површините загадени со
бензин.
► Избегнувајте обиди за палење сè додека
не испари бензинот (да биде суво).
■ Системот за палење на моторот создава
искри. Во многу запаливи или експлозивни
средини може да излетаат искри и да
македонски
191

Quicklinks ausblenden:

Werbung

loading