Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GST 18 V-LI S Professional Originalbetriebsanleitung Seite 192

Akku-stichsäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GST 18 V-LI S Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
192 | Македонски
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика G)
(GST 18 V‑LI B)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Млазниците за всисување (20) и заштитата од
кинење (19) не се користат при сечење со закосување.
– Извадете ги млазниците за всисување (20) и заштитата
од кинење (19).
– Олабавете ја завртката (22) со внатрешен шестаголен
клуч (5) и вметнете ја основната плоча (7) до крај во
правец на батеријата (3).
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување 0° и 45°. Навалете ја основната плоча
1 609 92A 65M | (24.11.2020)
(7) согласно скалата (23) во саканата позиција.
Другите агли на косо сечење може да се подесат со
помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во
правец на сечилото за пила (10).
– Повторно затегнете ја завртката (22).
Поместување на основната плоча (види слика G)
(GST 18 V‑LI B)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (7).
Олабавете ја завртката на основната плоча (22) со
внатрешен шестаголен клуч (5) и вметнете ја основната
плоча (7) до крај во правец на батеријата (3).
Повторно затегнете го шрафот (22).
Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа не треба да се
употребува заштитата од кинење (19).
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија (3) притиснете ја од долната страна
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
притиснете ја батеријата во подножјето, додека не се
заклучи.
Вклучување на LED-работното светло (GST 18 V‑LI S)
За вклучување одн. исклучување на работното
светло (12) притиснете го копчето за работно
светло (15).
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучување/исклучување (GST 18 V‑LI S)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Вклучување/исклучување (GST 18 V‑LI B)
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете
покрај симболот  на блокадата при вклучување (1) и со
тоа ќе ја деактивирате. Потоа притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.
Работната светилка свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (2) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gst 18 v-li b professional

Inhaltsverzeichnis