Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Milwaukee AG 800-115 EK Originalbetriebsanleitung Seite 144

Winkelschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 19
d) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот
за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на
дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се
разликуваат од фланшите за други дискови за брусење.
e) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
a) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен
удар или за кршење на телото за брусење.
b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за
Mak
D
обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар
електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно
кон вас.
c) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба
на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
d) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка
или да предизвика повратен удар.
e) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен
удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на својата
тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете
страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ.
f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос
на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање
што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да
предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите
или да доведат до повратен удар.
Македонски
Deutsch
142
Специјални безбедносни упатства во врска со работата
со четките со жица:
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка
и за време на вообичаената употреба губи парчиња
жица. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу
висок притисок на притиснување. Парчиња жица кои што
се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна
облека и/или кожата.
b) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат
на притисокот при допир и на центрифугалните сили.
Останати безбедносни и работни упатства
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено
или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително
загадување може да се насобере одвнатре на аголната
глодалка. Од безбедносни причини, во вакви услови,
внатрешноста мора да биде комплетно исчистена од метални
остатоци а прекинувачот на колото на моторот мора да биде
сериски поврзан. Доколку прекинувачот на колото на моторот
ја расипе машината мора да биде пратена.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
предизвикува краткотрајни падови на напонот. При неповолни
услови на напојување, останатата опрема може да биде
оштетена. Дококу отпорот на системот на снабдувањето е
помал од 0,2Оhm, мала е веројатноста за појава на пречки.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Ag 800-125 ekAg 800-125 eAg 800-115 e

Inhaltsverzeichnis