Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DRC200 Betriebsanleitung Seite 177

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DRC200:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 19
3. Отстранете конци и влакна од главната четка
(Сл. N-3) користејќи ножици и исперете ја
главната четка во вода ако е потребно.
4. Избришете ја внатрешноста на отворот за
вшмукување (Сл. N-4) со крпа малку навлажнета
во благ детергент.
5. За да ја замените главната четка, порамнете
го испакнатиот дел (Сл. N-5) на десниот крај на
главната четка со назабениот дел од цевчето
на десното вратило (Сл. N-6), а потоа ставете ја
главната четка за да ги споите.
6. Вметнете го левиот квадратен крај на главната
четка (Сл. N-7) во цевчето на левото квадратно
вратило (Сл. N-8).
7. Заменете ја долната плоча по спротивен
редослед.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога страничните четки ќе останат
закачени на телото на роботизираниот чистач,
рачното вртење на страничната четка го олеснува
прикачувањето на долната плоча без притискање
на ресите на страничните четки помеѓу плочата и
телото на роботизираниот чистач.
Чистење на сензорите
• Исчистете ги сензорите за стрмнина (Сл. O-1) и
сензорите за граница (Сл. O-2) користејќи чист,
сув, памучен апликатор.
• Исчистете ги ултрасоничните сензори (Сл. P-1)
користејќи друга правосмукалка поставена во
режим на нежно вшмукување. Вкупно 8 сензори
се сместени на предниот дел и двете страни на
граничникот (Сл. Р-2).
Чистење на филтерот и кутијата
за прашина
НАПОМЕНА: За да избегнете оштетување на
капакот на горната кутија за прашина, не отворајте
го и не затворајте го на сила.
1. Отклучете ги двете заклучувања (Сл. Q-1)
и подигнете го капакот на горната кутија за
прашина додека ја држите
за одржување на филтер (Сл. Q-2) за да го
отворите просторот каде што се наоѓа филтерот.
2. Извадете го филтерот (Сл. Q-3) и истресете го
во корпа за отпадоци или на раширена хартија
за фрлање на рамна површина за да се истресе
прашината и нечистотијата.
НАПОМЕНА: Не гребете го и не притискајте го
филтерот и не користете остар предмет за да го
чистите филтерот.
3. Исперете го филтерот ако силата на вшмукување
на роботизираниот чистач се намали.
НАПОМЕНА: Ако филтерот мириса, натопете
го филтерот во разводнет раствор на белило
(10 милилитри белило на 1 литар вода) приближно
3 часа пред да го исперете филтерот со истечна
вода.
4. Исперете ја кутијата за прашина.
ознаката
177 МАКЕДОНСКИ
5. Сушете го филтерот (ако сте го испрале) и
кутијата за прашина 1 ден на место со добра
проветреност за да спречите непријатен мирис
или дефекти.
НАПОМЕНА: Не сушете го влажниот филтер со
фен за сушење коса или други извор на топлина.
6. Вратете го филтерот во кутијата за прашина по
спротивен редослед.
НАПОМЕНА: Кога го заменувате филтерот
во просторот за филтер, осигурете се дека
јазичињата (Сл. Q-4) на филтерот влегуваат во
засеците на работ на држачот за филтер (Сл. Q-5).
Чистење на телото
1. Избришете ја надворешноста на роботизираниот
чистач со крпа малку навлажнета во благ
детергент.
2. Притиснете го и ослободете го горниот капак (Сл.
K-1) за да го отклучите, а потоа целосно отворете
го капакот.
3. Извлечете ја кутијата за прашина (Сл. K-2).
4. Избришете ја внатрешноста на роботизираниот
чистач (Сл. R-1) вклучувајќи ја решетката на
отворот (Сл. R-2) со крпа малку навлажнета во
благ детергент.
ВРАЌАЊЕ НА
РОБОТИЗИРАНИОТ
ЧИСТАЧ ВО ПРВОБИТНА
СОСТОЈБА
Кога роботизираниот чистач не може да продолжи
да работи во услови кога погонското тркало виси
или батеријата е испразнета, роботизираниот чистач
ќе престане со чистење и ќе ви укаже дека нешто не
е во ред преку следниве ламбички и звучни сигнали.
Ламбичка за решавање проблеми (Сл. F-2)
Ламбичка за одржување на филтер (Сл. F-3)
Ламбичка за одржување на четка (Сл. F-4)
Ламбички за тајмер (Сл. F-6)
Ламбичка за звучен сигнал (Сл. F-9)
Ламбичка за вшмукување (Сл. F-10)
Ламбичка на сензор за граница (Сл. F-11)
1. Идентификувајте го проблемот користејќи ја
следнава табела.
2. Решете го проблемот.
3. Притиснете го копчето
(Сл. F-8) на роботизираниот чистач, или
копчето
Стартување/Запирање (Сл. G-2) на
далечинскиот управувач за да влезе во режим на
мирување.
Укажувањето за грешка престанува и
роботизираниот чистач е подготвен за чистење.
НАПОЈУВАЊЕ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis