Herunterladen Diese Seite drucken

Упатства За Работа - Bosch T10031 Originalbetriebsanleitung

Lastaufnahmemittel

Werbung

mk | 126 | T10031
Користете ја потпората само за единици за мотор
и менувач во согласност со работните прирачници
на брендовите на Volkswagen групацијата.
Прицврстете ги навртките со крилца (видете ги
работните прирачници на брендовите на
Volkswagen групацијата).
Да се користи само заедно со соодветна дигалка
за мотор и менувач (на пр. VAS 6931/V.A.G. 1383A)
(видете ги работните прирачници на брендовите
на Volkswagen групацијата).
Со дигалката за моторот и менувачот смее да
ракува само едно лице.
На луѓето им се забранува да стојат под товарот и
во опасната област за време на процесот на
движење.
Движете го товарот полека и внимателно.
Надгледувајте ги потпората за моторот и товарот
за време на сите движења.
Движете го товарот само на најниската поставка.
Проверете дали патеката е чиста и лесно видлива.
Не работете на подигнатиот товар.
2018-06-05
3 Упатства за работа
1.
Проверете дали потпората е целосна и дали на
неа има видливи оштетувања, како на пример
знаци на абење, деформација, дупки, пукнатини
и корозија пред секоја употреба. Проверете да
не се оштетени шрафовите и дали се способни
за работа. Не користете ја потпората кога ќе се
забележат дефекти и веднаш фрлете ја.
2.
Извршете ја неопходната подготовка за употреба
на потпората согласно работните прирачници.
3.
Поставете ја потпората на дигалката за моторот
и менувачот и проверете дали иглата за
потпората е целосно внесена и прицврстена во
приемот на дигалката за моторот и менувачот.
4.
Поставете ја и прицврстете ја потпората на
компонентата на возилото согласно работните
прирачници на брендовите на Volkswagen
групацијата.
5.
Поставете ги елементите од потпората во
положба со завртките, па зашрафете ја
навртката со крилца
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност како резултат на навалување или
паѓање на товарот!
Несоодветното поставување на потпората на
товарот може да предизвика навалување или
паѓање на товарот! Ова може да предизвика
сериозни лични повреди или критично
оштетување на материјалите.
Прицврстете ја потпората точно како што е
опишано во работните прирачници.
Поставете ја иглата за заклучување точно и
обезбедете ја со навртките со крилца
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреди поради подвижен товар!
Може да дојде до смачкување на рацете и нозете
помеѓу товарот и возилото како резултат на
движењата, како преместување, подигање или
спуштање на товарот.
Поставете ги рацете и нозете на начин на којшто
нема да постои опасност од смачкување при
движењето на товарот.
Надгледувајте ја дигалката за моторот и за
менувачот, како и товарот, за време на сите
движења.
6.
Извршете ја останатата работа како што е
опишано во работните прирачници.
Bosch Automotive Service Solutions GmbH
Am Dörrenhof 1
85131 Pollenfeld-Preith
Германија

Werbung

loading