Herunterladen Diese Seite drucken

Beko BSSA210K2S Gebrauchsanweisung Seite 111

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BSSA210K2S:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Одмрзнување
А) Оддел на ладилникот
Одделот на ладилникот извршува
целосно автоматизирано одмрзнување.
Водата капе и може да се појави мраз
до 7-8 мм. на внатрешниот заден
ѕид во ладилникот кога тој лади.
Таквите формации се нормални како
резултат на системот за разладување.
Формацијата на мраз ќе се одмрзне
автоматски на одредени интервали
благодарение на системот за
автоматизирано одмрзнување на
задниот ѕид. Нема потреба од гребење
на мразот или од собирање на
водените капки.
Водата што е производ на
одмрзнувањето минува низ одводот за
собирање вода и истекува во
испарувачот преку одводната цевка и
тука испарува.
Проверувајте ја редовно одводната
цевка за да видите дали е запушена
или не и исчистете ја со стапче во
отворот ако е неопходно.
B) Оддел на замрзнувачот
Одделот за длабоко замрзнување не
извршува автоматизирано
одмрзнување за да се спречи
расипување на замрзнатата храна.
Одмрзнувањето е многу лесно и
без растурање благодарение на
специјалниот сад за собирање на
одмрзната вода. Одмрзнувајте двапати
годишно или кога ќе се формира слој
од мраз од околу 7 мм. (1/4 инчи).
За да ја започнете постапката на
одмрзнување, исклучете го
напојувањето и извадете го
приклучокот.
Сета храна треба да се завитка во
неколку слоја весници и да се стави на
ладно место (на пр. ладилник или
шпајз). Садови со топла вода може да
се стават во замрзнувачот за да се
забрза одмрзнувањето.
Не користете остри предмети како
ножеви и виљушки за да го извадите
мразот. Не користете никогаш фен за
коса, електрични греалки или други
слични апарати за одмрзнување.
Соберете ја одмрзнатата вода на дното
од одделот на замрзнувачот со сунѓер.
По одмрзнување, исушете ја
внатрешноста темелно.
Ставете го приклучокот во штекер и
пуштете ја струјата.
Исклучување на производот
Ако термостатот има позиција „0":
- Производот ќе престане да работи кога
ќе го свртите копчето на термостатот на
позицијата „0" (нула). Производот нема
да започне со работа ако не го свртите
копчето на термостатот на позиција „1"
или на некоја од другите позиции
повторно.
Ако термостатот има позиција „мин":
- Исклучете го производот од струја за
да престане да работи.
Држач за шишиња и
конзерви
Овој додаток може да се користи за
складирање
една до друга.
13
МК
или шишиња или
конзерви

Werbung

loading