Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Македонски; Општи Безбедносни Напомени - Bosch TE 600 Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für TE 600:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 5
OBJ_BUCH-1898-001.book Page 45 Friday, March 15, 2013 3:14 PM
Македонски
Општи безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени за
предупредување и упатства што се
приложени кон единицата за
вдлабнување и користењето на
електричниот алат. Грешките настанати
при непридржување до безбедносните напомени и
упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Единицата за вдлабнување во врска со аголната глодалка
од Bosch GKF 600 е наменета за глодање на цврсти
потпори во дрво, пластика и лесни конструкции како и
жлебови, агли, профили и издолжени отвори.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува
на приказот на графичките страници.
1 Погонска единица
2 Единица за вдлабнување
3 Граничник за длабочина
4 Лизгач со индекс ознаки
5 Шраф со нарецкана глава за граничникот за
длабочина
6 Основна плоча
7 Лизгачка плоча
8 Револвер-граничник
9 Чаура за фино подесување на длабочината на
глодање
10 Фино подесена скала за длабочината на глодање
11 Скала за подесување на длабочината на глодање
12 Лост за деблокирање на функцијата на вдлабнување
13 Лост за затегање
14 Рачка (изолирана површина на дршката)
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вметнете ја погонската во единицата за
вдлабнување (види слика A)
– Отворете го лостот за затегање 13, доколку е затворен.
– Двојните стрелки на погонската и единицата за
вдлабнување 2 наместете ги да се поклопат.
Bosch Power Tools
– Погонската единица турнете ја до крај во единицата за
вдлабнување и свртете ја погонската единица до крај во
правец на стрелките на часовникот.
– Затворете го лостот за затегање.
 ПО монтажата секогаш проверете, дали погонската
единица лежи цврсто во единицата за вдлабнување.
Употреба
Подесување на длабочината за глодање
(види слика B)
 Подесувањето на длабочината на глодање смее да
се врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
Грубо подесување на длабочината на глодање
– Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете
го на делот што се обработува.
– Скалата за фино подесување свртете ја 10 на „0".
– Револвер-граничникот 8 поставете го на најнизок
степен ; кога ќе се вклопи револвер-граничникот ќе
кликне.
– Олабавете го шрафот со нарецкана глава на
граничникот за длабочина 5, така што граничникот за
длабочина 3 ќе може слободно да се движи.
– Притиснете го лостот за деблокирање на функцијата за
вдлабнување 12 и полека водете ја аголната глодалка
надолу, додека не ја допре површината на делот што се
обработува. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 12 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– притиснете го граничникот за длабочина 3 надолу,
додека не легне на револвер-граничникот 8. Лизгачот
со индекс ознака 4 наместете го на позиција „0" на
скалата за длабочина на глодање 11.
– Поставете го граничникот за длабочина 3 на саканата
длабочина за глодање и зацврстете го шрафот со
нарецканата глава на граничникот за длабочина 5.
Внимавајте на тоа, лизгачот со индекс ознаката 4 да не
го поместувате повеќе.
– Притиснете го лостот за деблокирање за функцијата за
вдлабнување 12 и водете ја аголната глодалка во
најгорната позиција.
Подесената длабочина на глодање ќе се постигне само
доколку при процесот на вдлабнување, граничникот за
длабочина 3 ќе запре на револвер-граничникот 8.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на револвер-граничникот 8 може
да го поделите процесот на глодање на повеќе степени.
Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со
најнизок степен на револвер-граничникот и за првиот
процес на обработка изберете го највисокиот степен.
Растојанието меѓу степените изнесува околу 3 мм.
Фино подесување на длабочината на глодање
По пробата за глодање, со вртење на чаурата 9 можете да
ја подесите длабочината на глодање точно на саканите
димензии; свртете во правец на стрелките на часовникот
Македонски | 45
1 609 92A 08N | (15.3.13)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis