Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Посебни Додатоци; Упатство За Употребa; Запознавање Со Апаратот; Управување Со Апаратот - Bosch TR1100 18B Gebrauchsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
4
Посебни додатоци
• BZ45U20 Комплет цевки: за вградување на проточниот бојлер
под лавабо.
• Средна серија на приклучоци BZ45Z20M: Потребна кога
струјниот кабел е протнат низ долните дупки 14a.
• Приоритетен прекинувач (релеј за олеснување) BZ45L21:за
работа со приоритетно коло.
• Опрема за монтирање BZ45K24M: за површинска инсталација.
• Потсечено поврзувачко парче затворено одоздола на задниот
дел од конекцијата за вода (на пр. конекција за ладна вода
поставена под монтираниот бојлер):
Спојка со зглоб,, «ладна» (десно)
Спојка со зглоб,, «топла», (лево)
5
Упатство за употребa
Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на деталните безбедносни
инструкции на почетокот од ова упатство!
• Важно: Апаратот никогаш не смее да се изложува на мраз!
ПРЕДУПРЕЖДЕНИЕ:
Опасност од електричен удар!
При појава на дефект, веднаш исклучете ја мрежата за снабдување
со напон.
• Веднаш исклучете го доводот на ладна вода ако апаратот
протекува.
5.1
Запознавање со апаратот
Проточниот бојлер ја загрева водата која што протекува низ
апаратот. Апаратот троши струја само во текот на овој период.
Апаратот може да спроведува топла вода до славини на различни
локации. Треба да се инсталира во близина на славината што се
користи најчесто. Со тоа ќе се овозможи помала потрошувачка на
енергија.
5.2
Управување со апаратот
Проточниот бојлер има две нагодувања за топлина:
"eco" Економично нагодување – две-третини од моќноста
"comfort" Интензивно нагодување – целосна моќност
Нагодувањето "eco" е идеално за:
Мијалник:
Туш
Биде
Нагодувањето "comfort" се употребува во комбинација со
термостатски пре-миксер, за високи температури или за големи
количини вода, на пр. за:
TR1100 – 6 720 876 016 (2018/07)
Порачка бр.
056169
Порачка бр.
255568
Миење садови
Чистење
Када
Ако употребувате славина со термостат, нагодете го бојлерот на
"comfort" .
1. Нагодете го бојлерот на "eco" или "comfort", по потреба.
2. Пуштете ја славината за топла вода.
Проточниот бојлер автоматски се вклучува и ја загрева водата која
што протекува низ апаратот.
Бојлерот повторно се исклучува кога ќе ја затворите славината.
Зголемување на температурата на водата
Кога славината е целосно отворена, можно е капацитетот на
бојлерот да не е доволен за загревање на посакуваната
температура.
• Малку затворете ја славината за топла вода. Водата тече низ
апаратот пополека и како резултат на тоа постигнува повисока
температура.
Намалување на температурата на водата
• Измешајте ја со ладна вода.
Забелешка за работата
Кога славината за топла вода е само малку отворена, бојлерот
работи на половина моќност независно од нагодувањето ("eco",
"comfort") што е избрано.
Кога славината за топла вода е целосно отоврена, апаратот работи
на максимална моќност што е соодветна на избраното нагодување.
Заштеда на енергија
• Ве молиме употребувајте економично нагодување «eco» колку
што е можно почесто.
За да ја минимизирате потрошувачката на енергија при затворање
на топлата вода:
• Затворајте ја славината за топла вода полека за да ја искористите
преостанатата топлина од проточниот бојлер.
• Ова исто така спречува привремено зголемување на претходно
избраната температура на водата ако славината за топла вода е
повторно пуштена во следните неколку минути.
За да добиете рамномерна температура на топла вода, се
препорачува употреба на славина за мешање на топла и ладна вода
со термостат.
Славината за мешање на топла и ладна вода со термостат мора да
биде соодветна за хидрауличен проточен бојлер.
Работа во зима
УКАЗАНИЕ:
Во зима е можно намалување на температурата на доводната вода и
поради тоа не е возможно постигнување на посакуваната
температура на излезната вода.
• За да компензирате за ова намалување на температурата, Ве
молиме намалете ја количината на водата што тече од славината
додека се постигне посакуваната температура
5.3
Чистење
• Избришете го апаратот со влажна крпа. Не употребувајте
киселински или абразивни средства за чистење.
Посебни додатоци
45

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Tr1100 21 bTr1100 24 b

Inhaltsverzeichnis