Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSR Professional 14,4 V-LI Originalbetriebsanleitung Seite 112

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSR Professional 14,4 V-LI:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

www.motralec.com / service-commercial@motralec.com / 01.39.97.65.10
OBJ_BUCH-1227-009.book Page 112 Tuesday, October 4, 2016 10:43 AM
112 | Македонски
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Останати напомени за безбедност и
работење
 Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
 Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
 Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
 Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
 Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
 Прекинувачот за менување брзини притиснете го до
крај, односно прекинувачот за избор на начин на
работа свртете го до крај. Инаку електричниот апарат
може да се оштети.
 За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
1 609 92A 33D | (4.10.16)
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR 14,4 V-LI/GSR 18 V-LI/
GSB 14,4 V-LI/GSB 18 V-LI:
Батериска дупчалка-одвртувач
/батериска ударна
дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата
Носете заштита за слухот.
Правец на движење
Правец на реакција
Дупчење и одвртување
Ударно дупчење
Мал број на вртежи
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
Тек десно/лево
U
Номинален напон
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis