Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GBH 4-32 DFR Professional Originalbetriebsanleitung Seite 141

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GBH 4-32 DFR Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Поставете го правецот на вртење
 Прекинувачот за правец на вртење 8 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат.
Тек на десно: Притиснете го прекинувачот за менување
на правецот на вртење 8 до крај во позиција
Тек на лево: Притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 8 до крај во позиција
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 и држете го притиснат.
– За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 7.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 7 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
 Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
 Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
Bosch Power Tools
Позиција Vario-Lock за
подесување на позицијата на
длетото
Позиција за Длетување
.
.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во13 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
5 во позиција „Vario-Lock" (види „Подесување на
начинот на работа", страна 140).
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
5 во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
тек.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат во текот на работењето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонски | 141
1 619 92A 06G | (2.12.13)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis