Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Epson AcuLaser CX37 Series Handbuch Seite 171

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AcuLaser CX37 Series:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Ракување со потрошните материјали
❏ Не горете ги искористените потрошни материјали бидејќи можат да експлодираат и да
повредат некого. Фрлајте ги во согласност со локалните регулативи.
❏ Чувајте ги потрошните компоненти подалеку од дофат на деца.
❏ Кога ракувате со касетата за тонер, секогаш ставајте ја на чиста, рамна површина.
❏ Не обидувајте се да ја менувате касетата за тонерот или да ја расклопувате.
❏ Не допирајте го тонерот. Секогаш држете го тонерот подалеку од очите. Ако тонерот се
налепи на кожата или облеката, исперете го со сапун и вода веднаш.
❏ Ако тонерот се истури, земете метла и лопатче или крпа натопена со сапун и вода и
исчистете го. Не користете правосмукалка бидејќи ситните честички може да предизвикаат
оган или експлозија ако дојдат во контакт со искра.
❏ Почекајте барем еден час пред да ја користите касетата за тонерот откако сте ја преместиле
од ладна во топла средина за да спречите оштетување од кондензацијата.
❏ Не складирајте ја касетата за тонерот на место со директна сончева светлина, прашина,
солен воздух или корозивни гасови (како амонијак) за да постигнете најдобар квалитет при
печатењето. Избегнувајте локации со екстремни или нагли промени во температурата или
влажноста.
❏ Кога ќе ја извадите касетата за тонерот, не изложувајте ја воопшто на сончева светлина и
избегнувајте да ја изложувате на нормална светлина повеќе од пет минути. Касетата за
тонерот содржи барабан чувствителен на светлина. Изложувањето на светлина може да го
оштети барабанот со што ќе се предизвика темни или светли делови да се појавуваат на
отпечатената страница и ќе се намали употребливоста на барабанот. Ако треба да се чува
касетата за тонерот надвор од печатачот подолг период, покријте ја со непроѕирна
ткаенина.
❏ Внимавајте да не ја изгребете површината на барабанот. Кога ја вадите касетата за тонерот
од печатачот, секогаш ставајте ја на чиста, рамна површина. Избегнувајте допирање на
барабанот бидејќи маслото од кожата може трајно да ја оштети површината и да повлијае
врз квалитетот на печатењето.
❏ Не дозволувајте работ на хартијата да помине врз Вашата кожа бидејќи може да Ве исече.
Epson AcuLaser CX37 Series
Safety Information Guide
Безбедносни упатства
7

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis