Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch UniversalChain 18 Originalbetriebsanleitung Seite 293

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für UniversalChain 18:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
OBJ_BUCH-3472-001.book Page 293 Thursday, December 21, 2017 4:11 PM
Употреба
Вметнување на батерија
Ставете ја наполнетата батерија 17. Осигурајте се дека
батеријата е потполно поставена.
Вклучување/исклучување
Пилата држете ја како што е опишано во делот «Работа со
моторната пила» .
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 3 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и
држете го притиснат.
Кога машината работи, сигурносното копче (блокадата
при вклучување) може да се пушти.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Работа со моторната пила
Пред сечење
Пред да почнете со работа и повремено во тек на
работењето, спроведувајте ги следните проверки:
– Дали е пилата исправна?
– Дали е полн резерварот за масло? Проверувајте го
нивото на масло пред да почнете со работа и
повремено во тек на работењето. Турете масло ако
нивото на маслото го досегне долниот раб на
прозорчето за мерење на нивото на маслото. Еден
реззервар со масло трае околу 15 минути, во зависност
од паузите и интензитетот на сечењето.
– Дали е ланецот правилно затегнат и оштар?
Проверувајте ја затегнатоста на ланецот редовно на
секои 10 минути. На почетокот на употребата, новите
ланци можат значајно да се олабават. Состојбата на
ланецот влијае на ефикасноста при сечењето. Само
оштар ланец штити од преоптоварување.
– Дали ја носите потребната заштитна опрема? Носете
заштита за видот и слухот. Препорачано е да се носи и
заштита за главата, рацете, нозете и стапалата.
Соодветна заштитна опрема штити од парчиња
отфрлени при сечењето и од случаен контакт со
ланецот.
Отскокнување
Никогаш не вадете ја и не менувајте ја заштитата на
водилката! Пилата е опремена со заштита на водилката за
да се спречи повратен удар ако врвот на пилата
ненамерно се притисне врз дрвото.
Bosch Power Tools
Под отскокнување се подразбира ненадејно и брзо
движење на пилата нагоре и наназад коешто се случува
кога ланецот (на врвот на плочата) доаѓа во контакт со
материјал, или кога се заглавува ланецот.
При отскокнување пилата реагира непредвидливо и може
да предизвика тешки повреди кај ракувачот или лицата во
непосредна близина.
Особено внимание мора да се посвети кога се сече
странично, накосо или при долги резови, зошто не може
да се примени забецот 8 .
За да избегнете отскокнување:
– Сечете местејќи ја плочата под прав агол со дрвото.
– Никогаш не работете со лабав, многу истегнат или
многу истрошен ланец.
– Заменете го тапиот ланец.
– Никогаш не сечете над нивото на рамената.
– Никогаш не работете со врвот на ланецот.
– Држете ја пилата цврсто со двете раце.
– Секогаш користете ланец со мало отскокнување,
одобрен од Бош.
– Користете го металниот забец 8 за нивелација.
– Внимавајте ланецот да е соодветно затегнат.
Општо однесување (види слики E–H)
Секогаш држете ја пилата цврсто со двете раце. Предната
рачка со левата рака, а задната рачка со десната рака.
Сосема опфатете ги рачките со палците и прстите во тек на
целото работење. Никогаш не ракувајте со пилата само со
една рака.
Секогаш при употреба на пилата стојте стабилно. Држете
ја пилата на десната страна од телото.
Пилата мора веќе да работи кога ќе дојде во контакт со
дрвото. Користете го забецот 8 да ја потпрете пилата на
дрвото Користете го забецот и за нивелирање при
сечењето.
Прилагодете го забецот на пониско ниво кога сечете
поцврсто дрво или стебло. За тоа, повлечете го ланецот
малку наназад додека не попушти забецот, па преместете
го на пониското ниво за да продолжите со сечење. Не
вадете ја до крај пилата од резот.
Не форсирајте го ланецот при сечењет, пучтете го ланецот
да работи со свое темпо, користејќи го забецот 8 со лесен
притисок.
Никогаш не сечете со потполно испружени раце. Никогаш
не пробувајте да досегнете тешко дофатни гранки и не
стојте на скали. Никогаш не сечете над нивото на
рамената.
Најефикасно е сечењето кога брзината на ланецот е
рамномерна во тек на сечењето.
Внимание при крајот на резот. Тежината на пилата
одеднаш се менува при ослободување од дрвото. Постои
опасност да се повредат нозете и стапалата.
Секогаш вадете ја пилата од резот во дрвото додека
ланецот се врти.
Македонски | 293
F 016 L81 719 | (21.12.17)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis